Спорт
Дувњак: Целото првенство го одиграв со истите чорапи!
Хрватскиот ракометен репрезентативец, Домагој Дувњак беше прогласен за МВП на штотуку завршеното Европско првенство, а неговата селекција во борбата за златото загуби од Шпанија.
„Измешани се чувствата, направивме голем резултат и успех, бевме близу, но не успеавме до златото“ – смета тој.
Целото негово семејство со години му е посветено на ракометот.
„Веројатно бев предодреден за тоа. Татко ми беше тренер во РК Ѓаково, подоцна и во Осиек. Тргнав со него на тренинзи, и се заљубив во тој спорт. А за ритуалите, ги имам повеќе. Во соблекувална обавезно се крстам. Овој турнир повторно го одиграв со истите чорапи. Ги исправ сам, два-трипати. Не знам овие ритуали дали значат нешто. Ние спортистите се малку луди луѓе“ – вели Дувњак.
Тој напоменува и дека сака да испие кафе со друштво, да отиде на ручек или вечера со пријателите, а викендите му се резервирани за гледање фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џеко по само шест месеци си оди од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Интер без Дамфрис најмалку три месеци
Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март.
Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота.
Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите трофеи.
Интер конечно стигна до врвот на табелата во Серија А, а за да успее да го врати пехарот на „Џузепе Меца“, се очекуваат засилувања.
Засега нема индикации кој би можел да дојде, но се шпекулира дека замената би можела да дојде од Динамо Загреб. Според инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, Интер го следи Морис Валинчиќ.
23-годишниот минатото лето пристигна во Загреб за сума од 1.350.000 евра.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.
Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.
Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.
Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.
Foto/ depositphotos

