Спорт
Два магични гола за Салернитана, два пенали за Специја, на крајот реми

„Фенерџијата“ во италијанската Серија А, Салернитана не успеа да стигне до својата четврта победа оваа сезона и покрај двата прекрасни голови од слободен удар на новиот фудбалер во тимот, Симоне Верди, одигрувајќи 2:2 со Специја.
Верди, кој во јануарскиот преоден рок дојде како позајмен фудбалер од Торино, во 3. минута од мечот постигна прекрасен гол од слободен удар, но гостите бргу израмнија во 12. минута кога беше досуден пенал, а Реј Манај беше прецизен од белата точка. Само четири минути подоцна беше досуден уште еден слободен удар за Салернитана, овојпат од поголема далечина, но тоа не му пречеше на Верди да забие уште еден, уште поубав гол.
Меѓутоа, среќата не го посака тимот од јужна Италија откако во 30. минута беше досуден уште еден пенал, кој Даниеле Верде го реализираше за ново израмнување. До крајот на мечот остана истиот резултат, така што Салернитана останува последна со 11 поени, девет поени под безбедната зона. Специја, пак, се на 15. место со 26 освоени поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шмајхел: На ЕУРО 1992 игравме и за Југославија

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел отворено зборува за клучните моменти од неговата кариера и моменталната состојба на Манчестер јунајтед во вториот дел од ексклузивното интервју за видео серијалот „ A Guest and a Half “ на Софаскор.
Зборувајќи за почетоците на својата кариера, Шмајхел се присети како неговиот трансфер во Манчестер јунајтед речиси пропаднал поради Брондби и како тоа го мотивирало да стане уште подобар.
„Брондби не сакаше да ме пушти. Бев лут и разочаран, бидејќи сонував да играм за Јунајтед. Тогаш решив: Ќе бидам толку добар што ќе се вратат по мене. И кога тоа се случи, сè имаше смисла.“
Голем дел од интервјуто му го посвети на Сер Алекс Фергусон, кого го опишува како „фудбалски татко“.
„Искрено, најважната личност што можев да ја запознаам во фудбалот. Беше неуморен, секогаш бараше максимум, и токму тоа ми требаше.“
Секако, тука е и приказната за Европското првенство во 1992 година, кога Данска сензационално стана европски шампион, иако воопшто не се квалификуваше.
Шмајхел детално опиша како националниот тим беше поканет на турнирот откако Југославија беше исфрлена поради воената сосотојба:
„Сезоната заврши, сите бевме подготвени да се одмориме. Никој од нас не размислуваше за Европското првенство. А потоа се појавија гласини дека Југославија нема да може да игра. Искрено, не го сакавме тоа – ниту за нас, ниту за нив. Имаше премногу тага во таа приказна. Но, кога се случи, мораше да одиме и да дадеме се од себе.“
Првата средба со Англија заврши без гол, и токму таа игра, вели Шмајхел, сè промени.
„0:0 со Англија ни даде самодоверба. После тоа, сè стана сосема нова авантура. Беше тешко, бидејќи се сместивме во хотелот каде што требаше да биде југословенската репрезентација. Чувствувавме дека играме за нив, а не против нив. Кога ја освоивме титулата, чувството беше дека го направивме тоа заедно – ние и тие.“
Спорт
Нејмар од бизнисмен што не го познава добил во наследство милијарда долари

Легендарниот Бразилец Нејмар неочекувано стана единствен наследник на богатство вредно речиси 1.000.000.000 долари, од човек кого никогаш не го запознал, објавуваат бразилските медиуми.
Бизнисменот од Рио Гранде до Сул, кој почина во јуни 2025 година, остави тестамент во кој му го довери целиот свој имот на 33-годишниот напаѓач.
Имотот беше проценет на околу 1.000.000.000 долари, а тестаментот беше заверен во нотарската канцеларија во Порто Алегре во присуство на двајца сведоци и заменик-нотар.
Починатиот бизнисмен, кој целиот свој живот го помина сам, без сопруга и деца, во документот наведе дека одлуката ја донел „со целосна свест и без никаква принуда“.
„Ми се допаѓа Нејмар. Многу се идентификувам со него. Тој не мисли само на себе, што е реткост денес“, напиша починатиот, додавајќи дека односот на фудбалерот со неговиот татко го потсетува на односот со сопствениот татко.
Нејмар сè уште не се изјаснил за овој случај, а конечната одлука за тоа дали навистина ќе стане наследник ќе ја донесат бразилските судови.
Еден од најбогатите фудбалери во светот веќе има имот вреден над 1.138.000.000 долари, а со овој тестамент би можел да го зголеми своето богатство за дополнителни милијарда долари.
Спорт
Започна меѓународниот пинг понг натпревар, нашите го имаа првиот настап

Во салата Јане Сандански во Скопје започна меѓународниот пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025.
Претставниците на Македонија настапија во поединечна категорија и во мешани двојки, додека натпреварот пречека околу 100 учесници. Се играат две возрасни категории – до 15 и до 19 години.
Натпреварите ќе се одвиваат до недела од 9:30 до 21:00 ч. Влезот е слободен.
Претседателот на Пинг погнарската федерација Славко Пројкоски и потпретседателот Златко Рикалоски денес беа дел и од манифестацијата за доделување на државната награда „8 Септември“ на заслужни спортисти и спортски работници.