Спорт
Два натпревари суспензија за Чави
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез нама да го води својот тим на наредните два натпревари, поради црвениот картон што го доби на дербито со Атлетико Мадрид.
Иако се шпекулираше дека Чави може да добие казна од три натпревари, дисциплинската комисија на Ла Лига одлучи да го казни со два натпревари.
Чави сезонава веќе заработи еден црвен картон, поради што казната сега му е зголемена на два натпревари.
Тоа значи дека Барселона ќе биде без Чави против Лас Палмас на домашен терен и на гости кај Кадиз. За него е најважно што ќе биде на клупата на 21 април, кога Барселона ќе му гостува на Реал.
Во отсуство на Чави, на клупата повторно ќе биде неговиот брат Оскар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нури Шахин повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд
Челниците на Борусија Дортмунд му врачија отказ на тренерот Нури Шахин по поразот од Болоња со 2:1 во Лигата на шампионите. Болоња во претпоследното коло ја забележа првата победа во елитното натпреварување, додека Борусија ја продолжи лошата серија. „Милионерите“ немаат победа во 2025 година, во серија се од четири несупеси.
„Сакавме Нури да биде долгорочно решение. Сепак, по четири последователни порази во сите натпреварувања, бевме принудени на овој чекор. Ќе мораме да бараме некој друг кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави спортскиот директор Ларс Рикен.
Се уште не се знае кој ќе ја предводи Борусија Дортмунд на натпреварот против Вердер Бремен овој викенд во Бундеслигата.
Борусија има биланс од четири победи и три порази во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе игра во плејофот за пласман во осминафиналето.
Поголем проблем може да биде Бундеслигата каде Борусија е на десеттото место со седум победи, четири нерешени и четири порази. Заостануваат 20 бода зад лидерот Баерн.
Спорт
„Ако постигнував гол од секоја шанса ќе бев во Реал Мадрид, не во Црвена звезда“
Фудбалерите на Црвена звезда, во седмиот меч го забележаа шесттиот пораз во Лигата на шампионите. Српскиот првак синоќа загуби од ПСВ со 2:3.
Црвена звезда се само уништи прптив тимот од Ајндховен. Во првиот дел гостите изведоа три корнери и постигнаа три гола. Во вториот дел црвено-белите го поправија впечатокот, но не успеаја да го избегнат поразот.
Прашање е во кој правец ќе одеше натпреварот доколку Шериф Ндиај во 14.минута, при резултат 0:0 постигнеше гол. Голманот Бенитез го одбрани неговиот удар, во ситуација кога напаѓачот имаше слободен соирач на втората статива.
„Знаете, секој пат кога ќе пропуштам шанса, сите зборуваат за тоа. Но, тоа не е нешто што го правам намерно. Ако можам да постигнам гол, тоа и го правам. Да постигнувам гол од секоја шанса, не би бил тука, би бил во Реал Мадрид“, изјави играчот на црвено-белите.
Спорт
Реал пред пет години го плати 63 милиони евра, сега ќе игра за последниот клуб во Серија А?
Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.
Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.
Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.
Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.