Спорт
Два пенали во Торино, Бензема ги врати „кралевите“ во живот

Полувреме е на двата реванш осминафинални натпревари во ЛШ, во Манчестер и во Торино, на двата истиот резултат 1-1.
„Старата дама“ беше амбисот откако гостите од Лион поведоа со 0-1 сред Торино. Депај од 11 метри го доближи францускиот тим чекор поблиску до најдобрите 8 во ЛШ. Првиот меч заврши со предност од 1-0 за екипата од Франција.
Сепак, Роналдо погоди од пенал во 43 минута и носи 1-1. Се е отворено на овој меч, се уште.
Груба грешка на одбраната на Реал Мадрид (Варан), казнува Стерлинг уште во 9 минута. Сега шансите на „кралевите“ се дополнително намалени откако „граѓаните“ имаат 2-1 од првиот меч на „Бернабеу“.
Сепак, Бензема носи израмнување во 28 минута, 1-1. Родриго нафрли од десната страна, Французинот со глава изедначува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.
Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.
Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.
Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.
Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб.
На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони евра.
Феенорд претходно одби две понуди од Марсеј, првата од 16 милиони евра и втората од 28 милиони евра. Феенорд ја прифати третата понуда од 35 милиони евра.
Марсеј претходно ги доведе Анхел Гомес од Лил, како и Си Џеј Еган-Рајли од Барнли и Факундо Медина од Ленс.
Во меѓувреме, враќањето на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во клубот се очекува да се случи во наредните денови.
Паишао одигра 47 натпревари за Феенорд минатата сезона со 18 гола и 14 асистенции. Неговата примарна позиција е лево крило, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред.
Тој пристигна во Холандија во летото 2022 година, а претходно играше за Коритиба и неговиот матичен клуб Лондрина.
Фото/ Принскрин
Спорт
Родриго го одбил Тотенхем

Челниците на Тотенхем побарале и добиле дозвола од Реал Мадрид да отворат преговори со крилниот напаѓач Родриго. Бразилецот е отворен за сорабптак со друг клуб, но Тотенхем не е во неговите планови.
Актуелниот освојувач на Лига Европа сакаше да ја искористи можноста и да донесе капитално засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, но веднаш стана јасно дека ништо нема да произлезе од тоа.
Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ја информираше јавноста дека Тотенхем се распрашувале за неговата цена, а потоа брзо се отрезниле. Поранешниот играч на Сантос сака да се докаже во „поголем клуб од Тотенхем“.
Од почетокот на преодниот рок се споменуваше дека следната станица во кариерата на крилниот напаѓач би можеле да бидат Арсенал и Ливерпул, кои, со заминувањето на Дијаз во Баерн, ослободија место на позицијата лево крило ги обезбедија потребните пари за 24-годишникот од Сао Паоло.
Родриго пристигна во „кралскиот клуб“ од својата татковина во 2019 година, во трансфер вреден 45.000.000 евра. Оттогаш, во 270 настапи, постигна 68 гола и забележа 51 асистенција. Освои две Лиги на шампиони, како и три титули во шпанското првенство.
Foto/ „X“