Контакт

Спорт

Два тима се во финалето, еден играч сигурно ќе биде шампион

Објавено пред

ЛА Лејкерс и Мајами Хит ќе се борат за титулата во НБА лигата. Иако финалната серија се уште не е започната еден играч сигурно ќе добие шампионски прстен.

Дион Вејтерс (28) сезоната ја започна во Мајами, а на почетокот на март се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Поради тоа тој и да победи во финалето тој ќе добие шампионски прстен.

Вејстерс е веќе шампион иако ниту во Мајми, ниту во Лејкерси нема некоја значајна улога. За Мајами одигра само три натпревари, неколку пати клубот го суспендираше поради однесувањето, а Флорида ја напушти откако се предозира со гумени бомбони.

Од доаѓањето во Калифорнија, за Лајкерис одиграл само седум натпревари.

Финалната серија помеѓу Мајами Хит и ЛА Лејкерс ќе започне во четврток во 3.00 часот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Волците“ влегоа во ритам, рутински против Кристал палас

Објавено пред

Вулверхемптон ја забележаа третата победа во последните четири премиерлигашки мечеви, откако дома со 2:0 рутински ги минаа Кристал палас, за да се искачат на третото место на табелата.

Исходот на мечот беше решен во првото полувреме. Рајан Аит Нури во 17. минута се најде на вистинското место за 1:0, пред да проработи португалската врска кај „волците“, Нето му асистираше на Даниел Поденсе во 27. минута за удвојување на водството.

Вулверхемптон сега се трети со 13 поени, исто колку што имаат и лидерите Евертон и Ливерпул (со натпревар помалку), додека Палас се на 9. место со 10 поени.



Прикажи повеќе...

Спорт

Евролига: Ларкин се врати, Ефес триумфираше во Пиреја

Објавено пред

Анадолу Ефес, по подолго време во својот состав со Шејн Ларкин, стигнаа до 84:79 победа на гостувањето кај Олимпијакос за само втор триумф во шестото коло во Евролигата.

Ефес имаше +6 предност на полувреме, која ја заддржаа до крајот на мечот за победа. Ларкин постигна 11 поени од своите 15 во последната четвртина, а имаше и одлична помош од Василие Мициќ, кој додаде 20 поени. Хасан Мартин со 11 поени беше најефикасен за Олимпијакос, а Слукас и Меккисик додадоа по 10 поени.

Своја прва победа во новата сезона оствари рускиот Химки, откако со 83:77 беше подобар од тимот на Црвена звезда. Српскиот шампион пружаше одличен отпор и водеше со 63:58 пред последната четвртина, кога се случи пад на концентрацијата во тимот на Саша Обрадовиќ. Ерик Меккалам имаше 23 поени, Алексеј Швед додаде 15 поени и 12 асистенции, додека за Звезда, Џордан Лојд имаше 18, а Џони О’Брајант додаде 14.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

Химки – Црвена звезда 83:77 (19:22, 25:18, 14:17, 25:20)

Олимпијакос – Анадолу Ефес 79:84 (26:29, 12:15, 19:19, 22:21)

Басконија – Барселона 71:72 (19:20, 18:19, 19:19, 15:14)

Милано – Алба Берлин, одложено



Прикажи повеќе...

Спорт

Шалке без победа во 22 меча од Бундеслигата!

Објавено пред

Шалке ќе почека да ја оствари својата прва победа во новата сезона, откако нивната неверојатна лузерска серија продолжи против Штутгарт со 1:1 ремито, и сега славниот клуб од Гелзенкирхен има дури 22 бундеслигашки меча без триумф.

„Кралските сини“ во тој период сменија и тренер, но ниту Мануел Баум не успеа да ја „сврти“ работата – сега Шалке имаат две ремија во шест кола оваа сезона.

А, работите тргнаа добро за Шалке – Малик Тиав во 30. минута ги донесе во водство, нивно прво оваа сезона, по еден слободен удар за домаќините. Штутгарт успеа да израмни во 56. минута преку Николас Иван Гонзалез со гол од пенал.

Штутгарт сега се четврти со 9 поени, додека Шалке се на претпоследното место со два поени и само Мајнц се зад нив (со пет порази во пет меча).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

934 нови случаи на Ковид- 19, починаa пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на...

Свет13 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија13 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет13 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет15 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија15 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион15 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија17 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија17 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија19 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија20 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија21 час

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион22 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија23 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно23 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа23 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа1 ден

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа1 ден

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет2 дена

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија2 дена

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Досие