Спорт
Две Русинки освоија ВТА титули оваа недела

Људмила Самсонова го освои и своето четврто финале, откако ја совлада кинеската тинејџерка Женг Кинвен со 7:5/7:5 во финалето на Пан пацифик опен во Токио, освојувајќи ја својата третат титула во последните два месеци.
За 23-годишната Русинка ова беше 18-та победа во последните 19 меча, со единствен пораз од Ајла Томљановиќ во четвртото коло на САД опен овој месец, со што скокна на 30. место на ВТА листата. Таа освои две титули во Вашингтон и Кливленд пред САД опен и од понеделник ќе биде на чекор до топ 20 меѓу тенисерките.
Одличната недела за руските тенисерки ја комплетираше и Екатерина Александрова, која со 7:6(4)/6:0 ја победи првата носителка, Летонката Јелена Остапенко за титулата на Корејскиот опен во Сеул. 24-рангираната Александрова на патот до титулата ги победи Ејжа Мухамед, На-Леј Хан, Лулу Сун и Татјана Марија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен ја освои Монца пред возачите на Мекларен

Холанѓанецот Макс Ферстапен, четирикратен последователен светски шампион, убедливо триумфираше во трката за Големата награда на Италија по 53 круга на патеката во Монца.
Возачот на Ред Бул водеше од почетокот до крајот, откако ја започна трката од пол-позицијата, и ја забележа 66-тата победа во својата кариера и третата во оваа сезона.
Подиумот го пополнија возачите на Мекларен, Британецот Ландо Норис ја помина целта втор, а Австралиецот Оскар Пјастри трет.
Кулминацијата на нивниот дуел се случи помеѓу 47-от и 49-от круг – Пјастри го престигна Норис кој изгуби многу време во префрлањето на меки гуми, дури 5,9 секунди, што не беше план на тимот од Вокинг.
Пјастри, лидерот во генералниот пласман, направи предност од речиси две секунди, по што дојде наредба од тимот да го пропушти Норис.
Во целта и Шарл Леклер односни=о Џорџ расел ги задржаа позициите што ги имаа на стартот, четврти и петти. Зад нив следуваа Луис Хамилтон, Алекс Албон, Габриел Бортолето, Кими Антонели и Исак Хаџар.
Најбрзиот циркус во светот се сели во Азербејџан за две недели, а пред возачите во светското првенство е градска трка низ улиците на Баку.
Спорт
Уште една сензација на Евробаскетот – Грузија ја елиминира Франција

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80:70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот, во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија.
Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70.
Торнике Шенгелија и Камар Болдвин беа најефикасни во редовите на Грузија со по 24 поени. Александар Мамукелашвили го постигна 14 поени.
Французите ужасно шутира ана овој натпревар, промашија дури 29 тројки (6/35), што е најмногу откако ФИБА води статистика.
Силван Франциско постигна 14, а Гершон Јабуселе 12 поени.
foto/ EPA
Спорт
Алекс конечно го победи постариот брат во главна трка

Алекс Маркез, конечно успеа да го победи својот брат Марк во главна трка оваа сезона. Возачот на Гресини ја освои Големата награда на Каталонија. Во целта имаше подобар резултат од возачот на Дукати за 1,8 секунди. Подиумот во Катлуња го комплетираше Италијанецот Енеја Бастијани на КТМ.
Алекс Маркез во Каталуња стави крај на серијата во која се наоѓаше неговиот постар брат, Марк, кој сметајќи ги спринт и главните трки беше во серија од 15 победи. Алекс трката ја започна од пол-позицијата и водеше од почетокот до крајот. Не направи грешка каква што му се случи вчера во спринтот, кога падна на четири круга до крајот кога беше водечки во поредокот.
Третата позиција ја освои звонредниот Бастијанини, кој стартуваше од деветтото место, а на крајот заврши на подиумот.
Зад него беше тимскиот колега Педро Акоста, а возачот на Јамаха Фабиот Квартараро го освои петтото место пред Аи Огура од Трекхаус.