Спорт
Е. Пелистер не прифати одложување на дербито со Вардар 1961
Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, го одби барањето Вардар 1961 за одложување на меѓусебниот дуел. Дербито, според календарот треба да се одигра в недела од 18 часот во Битола.
Вардар 1961, вчера ја извести јавноста дека 15-тина играчи и членови на срручниот штаб се болни о дека не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.
Еурофарм Пелистер, синоќа играше во Загреб, каде од домаќнот го доживеа петтиот пораз сезонава во Лигата на шампионите (27:18), а денеска го одбија барањето од Вардар 1961.
Почитувани
Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје.
Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.
Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.
Спортски поздрав,
РК Еурофарм Пелистер“
Фото/ rkeurofarmpelister.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн подготвува сензационален трансфер
Баерн Минхен, има намера да го ангажира Бруно Фернандеш (31) и да го комбинира со Хари Кејн, пишува британскиот „The i Paper“. Извесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Овој извор не открива дали намерата на Баерн е да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок.
Овој извор, потенцира дека за клубовите кои не се од Премиер лигата откупната клаузула на Бруно изнесува 57 милиони фунти, односно 67,26 милиони евра (77 милиони долари),
Баерн, наводно е подготвен да го стори тоа за да внесе поголема креативност во тимот, што би требало да му помогне и на Кејн.
Фернандеш е во Манчестер точно шест години, постигна 103 гола и забележа 95 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотален дебакл
Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2.
Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91-та минута, но Бетанкор со брилијантен гол во 94-та минута му пресуди на шампионот.
Овој резултат особено одекна во шпанските медиуми. „Марка“, водечкиот весник во Мадрид, го наслови својот извештај од натпреварот со: „Тотален дебаклл“ и потенцира дека „Овој Реал (Мадрид) е навистина срамен“.
Друг текст во кој се коментира натпреварот заклучува дека фудбалерите на Реал ги очекуваат свирежи во сабота, кога играчите на Арбелола го играат својот следен домашен натпревар против Леванте.
„Најлошото нешто што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше тоа што по првите 20 минути од натпреварот, маглата се крена и го обви стадионот „Карлос Белмонте“ и ја разоткри срамната изведба што ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид доби извонредни размери, за три дена се изгубени две титули, еден тренер беше отпуштен, а вториот „смртно ранет“ започна со својата работа.
Арбелоа ризикуваше со изборот на тимот, одмори четири клучни играчи и, иако вината не треба да се префрли само на тренерот кој е со тимот едвај 48 часа, тој веќе остана без еден трофеј. И да се помисли дека овој тим може да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите е само желба.
Реалноста е дека играчите, не сите, туку огромното мнозинство, не беа воодушевени ниту од новиот тренер. Тие не очекуваа чуда од ненадејната смена на Чаби Алонсо, но барем се надеваа на промена во ставот на играчите. Ништо од тоа не се случи. Единствената промена беше во однесувањето на тренерот.
Сепак, тренерот ги изненади сите со својот настап на прес-конференцијата, беше претерано попустлив кон играчите, на кои дури и им се заблагодари.
Реал Мадрид беше целосно неефикасен во текот на целиот натпревар, предводен од Винисиус, кој сигурно не се истакнуваше. Играше како Чаби Алонсо да е сè уште на клупата. Валверде исто така не понуди ништо. А Мастантуоно, чија единствена светла точка беше гол, едвај го зголеми својот рејтинг.
Неговиот настап беше неверојатно лош, разбеснувачки и сигурно не го оправдува фактот дека, на 18 години и со таква игра, јавно не го отфрли својот поранешен тренер. Тие се враќаат на Бернабеу во сабота. Ги чека тежок период“, се наведува во тексто на „Марка“.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот.
Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас.
За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер Флег. Тој го повреди глуждот на левата нога и остана во соблекувалната на полувремето, што е нов аларм за Маверикс, бидејќи поради повреди надвор од тимот се: Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг, Данте Ексум, Дерек Лајвли и Макс Кристи.
Cooper Flagg injury.
He was being taken to the hoop, landed on his left ankle weird, sprained it.
Prayers up 🙏 pic.twitter.com/UmbuTMnb7s
— SM Highlights (@SMHighlights1) January 15, 2026
„Тој згази на нечија нога. И минатиот натпревар го мачеше тој глужд, па решивме да го поштедиме“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Флаг е фаворит за дебитант на годината оваа сезона. Тој во просек постигнува околу 19 поени и 6 скока.

