Контакт

Спорт

Еден-два победа за САД во монобоб – златото за ветеранката Хамфрис

Објавено пред

Кајли Хамфрис од САД победи на Зимските олимписки игри во Пекинг во дисциплината монобоб. Оваа дисциплина дебитира на Зимските олимпијади, а името на Хамфрис ќе биде запишано во олимписката историја.

dobivaj vesti na viber

35-годишната Американка имаше најдобро време во три од четирите трки, на крајот го освои златото со вкупен резултат 4:19,27 минути.

За Кајл, ова се првите Игри на кои настапи под знамето на САД, претходно од 2010 до 2018 година се натпреваруваше за Канада. Во Ванкувер во 2010 и во Сочи во 2014 година го освои златниот медал во боб-двосед, а во 2014 во Пјонгчанг освои бронза.

САД во монобоб забележаа еден-два победа благодарение на среброто што ѝ припадна на Елана Мејерс Тејлор. Таа возеше брилијантно во четвртата трка. Листата на медалистки ја заокружи Канаѓанката Кристине Де Бруин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Норис го победи Пјастри со пол-позиција во Спа

Објавено пред

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.

dobivaj vesti na viber

На „Спа-Франкоршамп“, Норис ја регистрираше својата четврта пол позиција оваа сезона, со време од 1:40.562 минути, со 85 илјадитинки предност пред својот тимски колега Оскар Пјастри, инаку лидер во генералниот пласман.

Најдобар од останатите беше Шарл Леклер во Ферари, кој беше нешто повеќе од три десетинки зад Норис, додека победникот во спринт Макс Верстапен го освои четвртото место. Иако Пјастре беше подобар од возачот на Мекларен од почетокот на тркачкиот викенд, Норис беше попрецизен во квалификациите, а мала грешка го чинеше многу Австралијанецот. Сепак, дуото на британскиот тим никогаш не беше загрозено на самиот фронт, а во борбата за третото место, Леклер беше подобар од Верстапен за само три илјадитинки, бидејќи бранителот на титулата погрешно започна брз круг.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Гарначо сака да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Објавено пред

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.:

dobivaj vesti na viber

Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Сепак, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да му ја исполнат желбата. Јасно е дека тие не сакаат да ги засилат своите ривали и затоа не се подготвени да го пуштат Гарначо во друг англиски клуб.

На „Олд Трафорд“ посакуваат клуб од Шпанија, Италија или Германија да покаже сериозен интерес за Аргентинецот, поради што наводно ги намалиле своите побарувања.

Сè уште има многу време до крајот на преодниот рок и ќе видиме како на крајот ќе се реши „случајот Гарначо“.

Талентираниот Аргентинец не беше задоволен од својот статус минатата сезона, исто како што Рубен Аморим не беше задоволен од неговите изданиеја на теренот, па по поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, тие вербално се судрија.

Алехандро Гарначо е еден од петте непосакувани играчи на Јунајтед, на кои клубот не им дозволува да тренираат со остатокот од првиот тим. Покрај Гарначо тука се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија.

Досега, само Маркус Рашфорд најде нов клуб, тој ќе ја помине следната сезона на позајмица во Барселона.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Пакета ослободен од обвинувањара, Сити повторно ќе се обиде да го ангажира

Објавено пред

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал.

dobivaj vesti na viber

Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона.

Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 милиони евра, пропадна.

Сепак, штом „Граѓаните“ ја дознаа одлуката на судот, повторно се активираа. Овој пат, Сити би можел да го добие играчот за двојно помала сума од претходното лето.

Имено, цената за Пакета е преполовена и сега е некаде околу 40 милиони евра. Сити започна кампања, а Вест Хем ќе се бори да го задржи, и покрај тоа што има договор до 2027 година.

Пакета одигра 36 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.

Foto/ West Hаm „X“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија4 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија7 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет7 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија9 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија10 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized11 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија15 часа

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија1 ден

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија1 ден

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија1 ден

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ1 ден

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија1 ден

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ1 ден

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија1 ден

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија1 ден

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија2 дена

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија2 дена

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...