Спорт
Еден натпревар суспензија за Арнаутовиќ
Марко Арнаутовиќ доби суспензија од УЕФА за навредите кои ги упати кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. УЕФА му одерди суспензија од еден натпревар, што значи дека Арнаутовиќ нема да биде во составот на Австрија против Холандија.
По завршувањето на натпреварот од Фудбалската федерација на Македонија побараа Арнаутовиќ да биде казнет.
Арнаутовиќ во 89.минута го постигна третиот гол за Австрија, а потоа на упати пцости кон Алиоски. Австриецот со српски корени, на етничка основа, го навреди Алиоски.
Поради инцидентот, Арнаутовиќ, упати извинување со зборивите дека „не е расист“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис потврди дека ќе ја носи „единицата“ на својот болид
Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, потврди дека ќе ја носи единицата на својот болид наредната сезона.
Според правилата на Формула 1, само актуелниот шампион има право да го користи бројот број еден на автомобилот, а Норис го заработи ова право откако ја освои титулата за прв пат во својата кариера во неделата. Тој заврши трет на последната трка од сезоната во Абу Даби и стана 11-от возач, светски шампион од Велика Британија.
Норис му ај донесе на Мекларен, првата титула во конкуренција на возачи, по 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.
Норис ќе го преземе бројот еден од Макс Ферстапен од Ред Бул, со кого се бореше за титулата. Британецот ја заврши сезоната со два бода помалку од Британецот и ја прекина серијата од четири титули. Ферстапен единицата на својот болид ја носеше од 2022 година.
„Тоа е традиција. Постои со причина. Постои таму, можете да излезете и да го зграпчите и можете да работите напорно за да го добиете“, изјави Норис за Скај.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, иако имаше можност, никогаш не возеше со бројот 1 на болидот, тој и остана верен на својата 44-ка. Норис го вози автомобилот со број четири од неговото доаѓање во Формула 1 во 2019 година.
„Сите ние како тим кои имавме улога во Мекларен или во мојот болид ќе го носиме со гордост. Тоа се сите мои механичари, моите инженери, секој што е дел од Мекларен исто така го добива тоа признание“, рече тој.
„Значи, ова не е за мене, туку за нив. Тоа е нивна гордост, знаејќи дека вложиле многу работа и труд и дека можат да кажат: „Ние сме број еден“. Не е толку кул кога ќе кажете: „Ние сме број четири“, па затоа ќе бидат уште посреќни од мене“, додаде 26-годишниот возач.
Од 2026 година, на возачите ќе им биде дозволено да ги менуваат броевите од година во година, при што Ферстапен ќе мора да најде нов број.
Пред да стане светски шампион, Ферстапен возеше автомобил со број 33, но рече дека негов омилен е бројот три, претходно користен од Даниел Рикардо.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе во прашање за дуелот со Сити
Реал Мадрид, утре во дербито на шестата рунда во Лигата на шампионите, ќе го пречека Манчестер Сити. Дуелот со „граѓаните“ доаѓа во лош момент за тимот на Чаби Алонсо, Реал на последните пет натпревари во домашното првенство има само една победа, три нерешени и еден пораз. Во неделата, Реал загуби дома од Селта виго (0:2).
Во пресрет на натпреварот, Алонсо се соочува со уште еден голем проблем. Настапот на Килијан Мбапе е голем прашалник, а а од претходно е познато дека во тимот нема да биде Едер Милитао. Бразилецот се повреди против Селта, првичните прогнози се дека ќе отсуствува четири месеци. Исто така, тренерот, нема да може да смета на Трент Александер-Арнолд, Дин Хаусен и Дани Карвахал.
Мбапе, денес не тренирал со соиграчите поради повреда на мускулот и неговиот настап во среда ќе биде неизвесен до последен момент.
Мадридски извори истакнуваат дека медицинскиот тим на Реал Мадрид прави сè за да го направи способен за игра, но не е познато дали ќе биде во почетниот состав.
Мбапе е клучен играч во системот на Чаби Алонсо, а тоа го потврдуваат и бројките бидејќи досега постигна 25 гола во сите натпреварувања.
Доколку не е подготвен, се верува дека неговиот Родриго ќе игра покрај Винисиус Жуниор во нападот.
Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Алкараз и вистинскиот Роналдо ги вкрстија рекетите
Карлос Алкараз се сретна со бразилската фудбалска легенда Роналдо Луис Назарио де Лима за време на една егизибиција во Мајами.
Настанот ги собра тениските ѕвезди и глобалните спортски икони, давајќи им на фановите ретка можност да ги видат двајцата великани како поминуваат време заедно на теренот.
Алкараз го изрази своето задоволство што е со Роналдо, нагласувајќи колку го цени.
„Секогаше е задоволство да се биде со Роналдо.“
Младиот Шпанец сподели и фотографии на социјалните мрежи каде што Роналдо држи тениски рекет, што дополнително ги воодушеви фановите.
Ова не е прв пат „Ел Феномено“ да земе рекет, што може да се види на неговите снимки. Неколку пати беше виден како игра тенис, беше и на турнири (за да гледа), се дружеше и со Ѓоковиќ…
The Alcaraz-Ronaldo crossover is just 🤌🤌🤌@Ronaldo | @carlosalcaraz pic.twitter.com/upEwylrGWC
— Tennis Channel (@TennisChannel) December 9, 2025
Foto/ depositphotos

