Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Епизода од една сезона, Ферари нашле замена за Хамилтон?

Луис Хамилтон се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но првиот дел од сезоната за седумкратниот првак е вистински кошмар. Исклучок е спринт трката за Големата награда на Кина, каде победи Британецот. Особено разочарувачки беше неговиот настап во Унгарија, не успеа да влезе во последната квалификациска сесија, стартуваше 12-ти и на таа позиција ја заврши трката.
Хамилтон е свесен дека има лоша сезона, дури во Унгарија изјави дека е „бескорисен“.
Според извештаите, во Маранело се бара замена за 40-годишниот Британец, а поранешниот возач и коментатор на „Скај Спортс“, Џони Херберт, тврди дека веќе е познато кој ќе го наследи.
Според Херберт Хамилтон треба да го заземе Карлос Саинц. Шпанецот возеше за Ферари од 2021 до 2024 година, замина во Вилијамс кога Ферари објави дека го ангажирале Хамилтон.
Ниту тој, ниту Хамилтон, не се снаоѓаат добро во своите нови тимови, па се очекува дека ќе се врати во Маранело. Саинц освои триесет и осум бода помалку од колегата Алекс Албон оваа сезона, но во Ферари сè уште го сметаат за соодветно решение.
Хамилтон е седумкратен светски шампион. Роден е во Стивениџ и се занимавал со картинг во таа јуниорска категорија во програмата на Мекларен, освојувајќи ја титулата во серијата GP Two во 2006 година.
Дебитираше во Формула 1 во 2007 година за Мекларен, заврши како второпласиран и следната година ја освои својата прва титула.
Се пресели во Мерцедес во 2013 година и доминираше во хибридната ера, освојувајќи титули во 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2020 година. Тој ги држи повеќето клучни рекорди во историјата на шампионатот, вклучувајќи го бројот на победи, пол позиции и места на подиумот. Тој е изедначен со Михаел Шумахер по бројот на титули.
Foto/ EPA/Boglarka Bodnar
Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.