Спорт
Ендрјуз: Само вакцинираните ќе играат на Австралија опен
Властите на австралиската држава Викторија, ги отфрлија сите можности, дека тенисерите и тенисерките кои не се вакцинирани ќе можат во јануари наредната година, да учествуваат на Австралија опен.
„Нема никакви специјални преговори, само вакцинираните ќе можат да играат во Мелбурн“, изјавил премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз.
Оваа изјава става голем знак прашалник околу учеството на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер е рекордер со девет трофеи во Мелбурн.
„Мислам дека невакцинираните нема да добијат виза. Дури и да ја добијат, ќе мора да бидат во карантин неколку недели, што значи дека не постојат шанси да играат на турнирот“, истакнал Ендрјуз.
Ѓоковиќ: Си земаат слобода да ме прашаат дали сум вакциниран
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Усик го победи Фјури со едногласна одлука на судиите
Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва борба. Усик на тој начин ги одбрани светските титули во тешка категорија во ВБА, ВБО и ИБО. Боксерскиот спектакл се одржа во престолнината на Саудиска Арабија, Ријад.
Во нивното прво соочување, пред седум месеци, Усик ја освои и титулата во верзијата ИБФ, но во меѓувреме ја загуби поради посебни правила на организацијата.
Усик останува непоразен во 23 професионални борби, додека Фјури остана на 34 победи. Единствените два порази му ги нанесе Усик.
Вљувениците во боксот видоа 12 незивесни рунди и одличен бокс од двете страни.
По претпазливиот старт, Фјури го потресе Усик во втората рунда и од тој момент, Фјури изгледаше како да доминира во воведните рунди. Во шестата рунда, Усик, карактеристично за него го засили темпото и успеа да добие неколку рунди по ред, честопати принудувајќи го Фјури да се повлече кон јажињата.
Фјури бараше силни удари, додека Усик најмногу се закануваше со комбинации и брзи удари по главата и телото. Украинецот вешто го избегнуваше Фјури и во ниту еден момент не му овозможи блиска борба.
Во последните четири рунди уште еднаш видовме многу тесна борба и кога ѕвоното означи крај на мечот, веројатно никој освен судиите не знаеше кој ќе биде победник.
Набрзо беше објавено дека судиите едногласно одлучија дека победникот е Усик.
Спорт
Гвардиола: Повредите не се единствената причина поради која губиме
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по последниот пораз на неговиот тим изјави дека повредите на клучните играчи не се единствената причина за најлошата серија резултати на тимот откако тој ги води „граѓаните“.
Сити доживеа нов кикс во саботата во дуелот со Астон Вила на гости (1:2) и сега е уште подалеку од тимовите на врвот на табелата. Титулата, од сегашна перспектива, изгледа како невозможена мисија за Гвардиола и неговите играчи.
Поразот во Бирмингем беше осми за Сити во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.
„Игравме многу добро во првото полувреме, во второто паднавме, не бевме добри. Темпото на игра не ни одговараше потоа, беше тешко. И честитам на Астон Вила за победата“, изјави Гвардиола. .
На прашањето кога тимот ќе се врати на победничките патеки, тој одговори:
„Да, тоа ќе дојде или нема да дојде. Зависи само од нас. Ни треба играч позади, имаме само еден здрав централен дефанзивец и тешко е кога ситуацијата е таква. Ќе се обидеме да победиме во следниот натпревар, тоа е нова можност за нас и не гледаме понатаму од тој натпревар“.
Логично се поставува прашањето дали повредите на играчите се единствената причина за неверојатната серија на лоши резултати.
„Секако дека има и други причини. Примаме голови кои претходно не ги примавме, не даваме голови како што тоа го правевме порано. Фудбалот не е единствената причина. Има многу други фактори“, рече Пепе и додаде:
„Астон Вила е тим кој игра одлично и во Лигата на шампионите и во Премиер лигата. Тешко е да се игра и да се победи овде. Минатата сезона ја освоивме Премиер лигата, но сега доаѓаме тука и загубиме. Мораме да мислиме позитивно и имам неверојатна верба во моите играчи. Некои од нив имаат огромна гордост и желба за победа. Мораме да најдеме начин, чекор по чекор, порано или подоцна ќе се вратиме“.
Спорт
Јан Облак: Ова прв пат ми се случи во кариерата
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше еден од хероите на големата победа во Барселона во 19. коло од Ла Лига. Со овој триумф Атлетико ја презеде лидерската позиција на табелата. .
Атлетико Мадрид славеше по пресврт и гол постигнат во шестата минута од судиското надополнување на резервистот Александер Серлот.
Ова беше прва победа на Облак на гости кај Барселона откако почна да игра за Атлетико, поради што е особено среќен.
„Од кога сум тука, никогаш не сум победил во Барселона. Конечно успеавме да го направиме тоа. Тежок натпревар, но успеавме да освоиме три бода, само да продолжиме вака“, изјави Словенецот по натпреварот во кој имаше неколку брилијантни интервенцииаправи неколку интервенции. Словенецот беше мирен, авторитетен и го спаси својот тим во критичните моменти.
„Страдавме многу, почнавме лошо и со страв кој никој не го разбира. Бевме навистина лоши, но издржавме се и знаевме дека ќе дојдат нашите шанси. По 1:0 се боревме и на крајот успеавме да победиме со голот на Серлот.“
Тој посебно го пофали стрелецот на победничкиот гол, кој мечот го започна од клупата за резерви.
„Серлот мораше да влезе од клупата како резерва за да победиме. Не е лесно да се направи тоа. Но, тој ја врши работата секогаш кога ќе влезе од клупата. Тој е напаѓачот што ни треба, тој постигнува голови”.
Трката за титулата сега има нов лидер, Атлетико Мадрид.
„Шампионатот е долг. Овој натпревар не е клучен. Тоа се само три бода и имаме уште многу да играме. Важен триумф, но до нас има големи екипи. Одиме од натпревар во натпревар. Пред месец и половина бевме далеку од врвот.Се надевам дека ќе останеме во оваа зона и нема да се лизнеме“.