Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона ќе потпише нов 10-годишен договор со Евролигата
Кошаркарскиот клуб Барселона, извесно е дека ќе се натпреварува под покровителство на Евролигата во следните десет години. Ова е договорот постигнат меѓу Каталонците и раководството на елитното европско натпреварување.
Каталонците се еден од најголемите и најважните клубови во Европа и како такви од големо стратешко значење за понатамошниот развој на Евролигата, која, со доаѓањето на проектот НБА Европа, и свесни за претстојното натпреварување, мора да вложи најголем напор за да го задржи ‘рбетот на лигата под свое крило.
Имено, како што објави грчкиот портал „Спорт 24“, извршниот директор на организацијата, Паулиус Мотијеунас, одржал состанок со првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, на кој било договорено каталонскиот клуб наскоро да добие нова десетгодишна лиценца за учество во Евролигата.
На овој начин, Евролигата би го обезбедила, еден од најуспешните и најважните клубови во ова натпреварување, да остане под нејзина капа и би го спречила неговиот трансфер во новоформираната НБА Европа.
Разбирливо, со подобра преговарачка позиција, Каталонците си изборија подобри услови за себе.
Како што објавија Грците, Евролигата на Барса гарантира стабилност и зголемен приход во наредните сезони, што беше една од клучните причини за континуираната соработка и останувањето на шпанскиот гигант во натпреварувањето чиј заштитен знак се.
Евролигата е исто така блиску до обезбедување нов долгорочен договор со друг гигант, Фенербахче, актуелниот бранител на титулата, но и со Париз, кој се појави како вистинско освежување на лигата во последните две сезони.
Рокот за потпишување нови лиценци е поставен на 15 јануари следната година.
Челниците на Евролигата се оптимисти дека проширувањето на натпреварувањето ќе продолжи во сезоната 2026/2027 и дека дури 24 екипи ќе играат во новиот формат.

