Спорт
Египет го декласира Џибути, Салах постигна четири гола
Египет со победа ги запона квалификациите за пласман на Светското првенство. Во А групата, во првото коло, Египет забележа висока победа (6:0) над Џибути.
Натпреварот го обележа најдобриот египерски фудбалер, Мохамед Салах кој постигна четири гола и стана најдобар стрелец на Египет во историјата, кога станува збор за квалификациски натпревари. Салах дојде до бројката од 15 гола и на вечната листа го мина Мохамед Абутрика, кој постигна 14.
Египе по 22 минути имаше предност од два гола. Стрелец на двата гола беше напаѓачот на Ливерпул. Хет-трикот го комплетираше во 48. минута, а во 69. зголеми на 4:0 по уште една добра акција на Египет.
Четири минути подоцна Мостафа Мохамед го постигна петтиот гол за Египќаните, а Трезеге на минута пред крајот на натпреварот ги постави конечните 6:0.
Победниците на групите од африканските квалификации ќе се пласираат на СП 2026 година, а најдобрите четири второпласирани селекции ќе разигруваат за еден претставник во интерконтиненталните квалификации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома го откупи договорот на Анхелињо
Рома потпиша договор со поранешниот играч на Лајпциг, Анхелињо.
Анхелињо, во зимскиот преоден рок пристигна на позајмица во Рома, откако сезоната ја почна во Галтасарај.
Челниците на Рома, заедно со тренерот Де Роси, покажаа дека се задовлни од неговите настапи, поради што решија да го откупат од Лајпциг.
Тој одигра 16 натпревари во Серија А и четири во Лига Европа.
Италијанските медиуми објавија дека трансферот на 27-годишниот шпански дефанзивец е вреден пет милиони евра.
„Ценејќи го квалитетот на играчот на и надвор од теренот, клубот реши да ја искористи опцијата и да го откупи“, се вели во соопштението на Рома.
Анхелињо помина низ младинските школи на Депортиво Ла Корња и Манчестер сити. Тој не одигра ниту еден натпревар за првиот тим на Сити, играше како позајмен во Шпанија, Холандија, Германија и Турција, а играч на Лајпциг стана во 2021 година.
Спорт
Анчелоти го одредил тимот за финалето
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, утре во Лондон, ќе ја спуштат завеста на клупската сезона 2023/2024. „Кралскиот клуб“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се бори за 15., а „миионерите“ за втората титула во престижното натпреварување.
Реал во Лондон отпатува без еден од хероите, голманот Андриј Лунин. Украинецот превентивно остана во Мадрид поради настинка, но се очекува да им се приклучи на соиграчите.
И да беше здрав, Лунин немаше да брани во финалето. На голот ќе биде Тибо Куртоа, кој пред еден месец се врати во тимот, откако поради повреда не играше од првото коло.
Шпанските медиуми тврдат дек Карло Анчелоти го знае составот со кој ќе го започне финалето. Искусниот тренер нема да експериментира, ќе започне со оние кои ја изнесоа оваа сезона.
Пред Куртоа во одбраната ќе бидат Дани Карвахал десно, Ферлан Менди лево и како централни дефанзивци Начо и Антонио Ридигер.
Тони Крос, кој ќе го одигра последниот меч во дресот на Реал ќе го контролира редот за врска заедно со Феде Валверде и Едуардо Камавинга.
Играчот на сезоната во Ла Лига, Џуд Белингем ќе игра зад двајцата напаѓачи, Бразилците Родриго и Винисиус Жуниор.
Спорт
Мурињо во Фенербахче
Жозе Мурињо од наредната сезона ќе го предводи Фенербахче. Инсајдерот, Џанлика Ди Марцио и бројни турски медиуми ја пренесоа оваа информација. Според овие извори, Португалецот два часа преговарал со претседателот на клубот Азиз Јилдирим.
Популарниот тренер ќе потпише двегодишен договор со Фенербахче. Мурињо е без работа од почеткот на годината кога доби отказ во Рома.
Иако се шпекулираше дека ќе продолжи да работи во Саудиска Арабија, Англија или дури и дома во Португалија, Жозе реши да замине на Босфорот.
Мурињо е еден од најдобрите тренери на 21 век. Тој ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома. Четири пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината, двапати ја освои Лигата на шампионите, а на тоа додаде уште 26 клупски трофеи.