Спорт
Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување

Нада Хафез, претставничката во мечување на Египет, постигна извонреден подвиг на Олимпијадата во Париз.
Во нејзиниот трет настап на најголемиот спортски настан во светот, таа ја победи 10. на светската листа, Елизабет Тартаковски од САД со 15:13, потоа загуби со 15:7 од Џеон Хјонг од Јужна Кореја во осминафиналето.
Сепак, поважно од тоа е фактот што Нада во седмиот месец од бременоста се натпреваруваше против најдобрите во светот во овој спорт.
„Она што изгледа како двајца спортисти на подиумот, всушност беа тројца! Бев јас, мојот противник и моето неродено бебе“, напиша Хафез на Инстаграм.
Хафез, која има 26 години, претходно учествуваше на Игрите во 2016 и 2021 година, таа вели дека го открила ова за да ја покаже силата и истрајноста на сите Египќанки.
🇪🇬Nada Hafez made the last 16 in sabre fencing today in Paris by defeating the No.7 seed.
She then lost to the No.10 seed Jeon Hayoung.
After exiting the competion, Nada has revealed that she was competing while 7 months pregnant!!!! Mad respect!#Paris2024 pic.twitter.com/0OfzIQTWIP
— Reem Abulleil (@ReemAbulleil) July 29, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл во „Дерби дела Италија“, проектилот на Аџиќ во 92.минута му го сруши Интер

Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“.
Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна погоди неговиот сонародник Јилдиз.
Вториот дел му припадна на Интер, играчите на Кристијан Киву доминираа, изедначија со волејот на Чалханоглу во 65.минута, а целосен пресврт направија со голот на Маркус Тирам во 76.минута.
Седум минути подоцна на речиси идентичен начин погоди неговиот брат Кефрен и го изедначи резултатот.
И за крај на мечот спектакуларен гол, 19-годишниот Аџиќ во 82.минута, испрати проектил од 25 метри кој заврши „низ ушите“ на Зомер за конечни 4:3.
Јувентус има три победи во првите три рунди, Интер по три кола има два порази и една победа.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Волтемаде со гол дебитираше а Њукасл, Борнмут победи и се изедначи со Арсенал и Ливерпул

Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар.
Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.
Исто така и во Њукасл, каде што „страчките“ го победија Вулверхемптон со 1:0 со голот на најскапото засилување во историјата на клубот, Ник Волтемаде.
Тоа беше првиот гол за поранешниот напаѓач на Штутгарт во неговиот прв натпревар за новиот клуб.
WHAT AN INSANE GOAL WOLTEMADE – BEAUTIFUL
BEST STRIKER WE'VE HAD IN YEARSpic.twitter.com/zwcItIjY8N
— Dell 🇮🇹 (@agbnufc_) September 13, 2025
Фулам исто така победи попладнево, и тоа во финишот на натпреварот со автоголот на Габриел Гудмундсон во петтата минута од судиското продолжение за 1:0 против Лидс.
На натпреварите Евертон – Астон Вила и Кристал Палас – Сандерленд немаше голови.
Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.
Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.
Спорт
(Видео) Реал со играч помалку победи во Сан Себастијан

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа како гости против Сосиедад (2:1), во четвртото коло од Ла Лига.
Чаби Алонсо, кој е особено поврзан со Сан Себастијан каде што порасна, имаше големи проблеми да триумфира со својот тим.
И покрај фактот дека „кралскиот“ клуб имаше водство од 2:0, отежнувачка околност беше црвениот картон за Дин Хајзен веќе во 32-та минута.
Во тој момент, Реал имаше предност благодарение на голот на Килијан Мбапе во 12-та минута.
Французинот асистираше за вториот гол кој го постигна Арда Гулер во 44-та минута.
Во раната фаза на второто полувреме Сосиедад добија пенал по играњето со рака на Дани Карвахал во сопствениот шеснаесетник, Микел Ојарзабал беше од белата точка во 56-та минута.
До крајот на мечот Тибо Куртоа ја сочува својата мрежа па Реал, кој се бранеше во текот на целото второ полувреме, ја запиша четвртата победа во исто толку натпревари. Негов следен ривал ќе биде Еспањол.
Сосидад остана на само два бода и моментално го зазема разочарувачкото 17-то место во првенството.