Спорт
Егзибиција која се претвори во спектакл – Алкараз го победи Ѓоковиќ во Ријад

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по голема борба успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во егзибициски меч во Ријад со 2:1 во сетови.
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз можеби закажаа ревијален меч во главниот град на Саудиска Арабија, но пред распродадените трибини на „Арената на кралството“ приредија вистински спектакл.
Во првиот „неофицијален“ меч победи играчот кој подобро сервираше: Ѓоковиќ – Алкараз 6:4, 4:6, 4:6.
Шпанецот рано направи брејк во сите три сета, првите два во првиот сервис гем на Новак, во третиот при 1-1, по што на 16-годишниот повозрасниот му требаше многу енергија за да се справи со брилијантниот форхенд на Алкараз. .
Успеа двапати во првиот сет да му го одземе сервисот на Алкатас и да го добие сетот, во вториот не успеа, а во третито потроши многу енергија за да дојде до 3.3 и потоа во деветтиот гем повторно Алкараз направи брејк кои го реши победникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.
На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.
Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.
„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.
Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.
Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.
foto/ EPA
Спорт
(Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио. Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец. Ова е 14-ти пат во неговата кариера да го подобри најдобриот резултат на планетата.
„Мондо“, исто така, собра дополнителни 100.000 долари, кои се доделуваат на натпреварувачот кој ќе го постави светски рекорд.
Пред светскиот рекорд, неверојатниот Швеѓанец ги прелета сите височини од прва. Го обезбеди златото со 6,15, а потоа следеше она на што сите се надеваа на преполниот Олимписки стадион во јапонската престолнина. Ова е негова четврта последователна титула светски шампион.
ARMAND DUPLANTIS : PREMIER HOMME DE L’HISTOIRE À PASSER LA BARRE DES 6M30. 😳#Tokyo2025 #WCHTokyo25 pic.twitter.com/A6RogMtyeZ
— Le Stade (@le_stade) September 15, 2025
Во сенка на чудесниот „Мондо“, до среброто стигна Гркот Емануел Каралис, кој скокна точно 6 метри, додека на најниската скала на подиумот се искачи Австралиецот Куртис Маршал со 5,95 метри.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација на 3.000 метри „стипл-чез“, Бимиш во солзи го остави фаворитот Ел Бакали

Георди Биниш од Нов Зеланд забележа сензационална победа на 3.000 метри „стипл-чез“ на Светското првенство во Токио.
Биниш во спектакуларен финиш, во последните пет метри успеа да го победи Софијан Ел Бакали, инаку двократнен олимписки и трикратен светски шампион.
Делуваше дека Ел Бакали ќе забележи лесна победа. Како и многу пати во кариерата, тој беше на задните редови, па полека забрза. На 150 метри пред целта, се проби на првото место и се чинеше дека ќе ја одбрани титулата.
Бимиш не мислеше така, кој неверојатно забрза и почна да се приближува до Мароканецот. На крајот, го помина и славеше со време од 8:33.88.
Бакали беше во апсолутен шок по трката. Легна на патеката и плачеше. Никој не можеше да го утеши за златото што му избега за пет стотинки.
Кениецот Едмунд Серем успеа да ја освои бронзата во втор план со 8:34.56.
Немаше изненадувања во финалето на фрлање кладиво за жени. Олимписката и светска шампионка Камрин Роџерс рутински ја одбрани својата круна.
Го фрли кладивото најдалеку оваа сезона 80,51, а нејзините втори и трети најдобри резултати беа повредни од постигнувањето на второпласираната Кинеска Жао (77,60) метри. Третата беше уште една репрезентатвка на Кина Жанг со 77,10.
Foto/ EPA