Спорт
Ел Насионал: Барса е заинтересирана за Рашфорд

Маркус Рашфорд би можел да си замине од Манчестер јунајтед. Новиот менаџер, Ралф Рангник, наводно не сметал сериозно на него. Рашфорд од почетокот на сезоната има одиграно само 565 минути за „црвените ѓаволи“.
„Рашфорд оваа сезона имаше проблеми со повредите и со депресијата од која се уште не се извлекол по промашениот пенал во финалето на ЕП. Покрај тоа Рангник се обидува да го извлече максимумот од Џејдон Санчо и не сака да го кочи развојот на младиот Мејсон Гринвуд, а недопирливи во тимот се Бруно фернандеш и Кристијано Роналдо“, пишува „Ел Насионал“.
Според овој извор Барселона сака да го види Рашфорд на „Ноу Камп“. Проблем сепак претставува цената на Рашфорд. „Ел Насионал“ тврди дека Јунајтед би прифатиле 70.000.000 евра.
Во ситуација на финансиска криза, во која се наоѓа Барселона, оваа сума е преголема за клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Квитова го освои Мастерсот во Мајами

Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето ја совлада Елена Рибакина.
Во моментов 12. на ВТА листата до триумфот на Флорида стигна со резултат 7:6 (14), 6:2 по еден час и 42 минути игра.
Посебно драматичен беше првиот сет, кој беше решен по маратонски тај-брејк, во кој тенисерите влегоа по размена на брејкови во финишот.
Двете имаа по пет сет-топки, но Квитова беше таа која ја искористи својата и поведе во мечот.
На почетокот на вториот сет, во вториот гем, Квитова и го одзеде сервисот на својата ривалка, а со вториот брејк во овој сет, во осмиот гем, означи крај на мечот. Во вториот сет Квитова за уште еден степен го подогна нивото на подигна својата игра, одигра речиси без грешка. Во вториот сет направи само три неизнудени грешки, а имаше 12 винери,
Квитова на тој начин ја спречи Рибакина да го освои Мајами по Индијан Велс и да ја комплетира „Саншајн дабл“ турнејата.
Во машкото финале в недела од 19 часот се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.
Спорт
Убедлив триумф на Барселона во Елче

Фудбалерите на Барселона ја оправда фаворитската улога и славеа убедлива победа на гостувањето кај последно пласираниот тим во Примера, Елче. Барса во Елче победи со 4:0 и ја зголеми предноста во однос на реал на 15 бода. Реал утре ќе го одигра својот натпревар од ова коло.
Во комбиниран состав, со Ерик Гарсија на позицијата на која незаменлив е Серхио Бускетс, Барселона отпорот на домаќинот го скриши во 20.минута. Стрелец беше Левандовски.
Повеќе од половина час се чекаше на следниот гол. По критиките што ги упати таткото Фати кон тренерот Чави, неговиот син се најде во стратната постава и постигна гол во 56.минута.
10 минути подоцна Левеновски го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Феран Торес во 70.минута.
Спорт
Јувентус ја победи Верона

Јувентс потешко од очекувањата ја порази Верона со 1:0, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Стрелец на единствениот гол беше Мојс Кен.
Во 37. минута Јувентус ја погоди стативата преку Данило, а решавачкиот момент се случи во 56. минута.
Мануел Локатели одлично го одигра Кен, тој влета во вистинско време и рутински ја затресе мрежата на Верона.
До крајот на натпреварот по една добра шанса на двете страни.
Филипи Терачиано промаши за гостите во 83. минута, голманот Војичех Шченсни одлично реагираше, а четири минути подоцна не беше прецизен ниту Бремер на спротивната страна, шутираше високо над голот.
Јувентус се седми на табелата со 40 поени и со реални шанси и покрај казната да стигнат до четвртото место на табелата, додека Верона на 18. позиција има 19 поени.
Во следното коло Јувентус е домаќин на Лацио на 8 април, додека Верона истиот ден го пречекува Сасуоло.