Спорт
Елмас чекор поблиску до Валенсија
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е блиску до трансфер во Валенсија. Незадоволен од статусот што го има кај тренерот Марко Росе, Елмас сака да биде во клуб каде што ќе игра. Во Лајпциг од почетокот на сезоната доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.
Германските медиуми пишуваат дека челниците на Валенсија се договориле со Клермон, Максимилијан Кауфријес да се врати во Франција, шест месеци пред крајот на неговата позајмица. Според овие извори, ова е сигнал дека Валнесија сака да отвори простор за да може да го ангажира Емлас.
Валенсија ја очекува тешка борба за опстанок во Примера. Клубот од „Месталја“ се наоѓа на претпоследното место со само 16 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Со победата над трикратниот европски првак ШК Алкалоид во борба за тронот
Петта победа во низа за шахистите на ШК Алкалоид во петтата рунда од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, но овојпат над актуелниот европски првак Нови Бор од Чешка.
Минатата година македонскиот клуб имаше одличен настап без пораз во седумте кола, при што во два наврати ремизираше, но тоа не беше доволно за првото место. Еден од тие два нерешени меча беше токму со Нови Бор, кој потоа стана европски првак, а ШК Алкалоид го освои второто место. Победата од 4 : 2 извојувана во 5. коло ги отвора вратите за македонскиот клуб повторно да игра за медал и на ова 40. издание на турнирот, на кој ќе се круниса и новиот европски екипен шампион во шах.

– Големото дерби денеска привлече и големо внимание. Сите очекуваа нешто посебно и тоа навистина се случи. Наместо типичен меч на кој се води рововска битка за мала предност и се чекаат грешки, овојпат видовме многу оган на таблите, но и многу неочекувани варијанти и пресврти – вели ВМ Влатко Богдановски, капитен на интернационалниот состав на ШК Алкалоид.
Арјун Еригаиси (2.773), кој е четврти на светската рејтинг-листа, прв повлече изненадувачка варијанта, со што партијата дојде во зона за решавање уште пред да се изиграат 15 потези. Винсент Кејмер (2.755) се обиде да го зароби противничкиот ловец на полето А8. Германскиот шахист игра во животна форма и беше полн со самодоверба, но Еригаиси направи диверзија: креираше ситуација на спротивната страна на таблата, а кога се расчисти маглата, противникот остана со загрозен крал, па победата за Еригаиси лебдеше во воздух.

Ји Веи (2.754) одигра суперподготвен – затворена руска одбрана и технички ги неутрализираше белите фигури на Сантош Гурјрати Видит (2.716). Иако ремизираа, партијата беше со голема тензија, а во еден момент беа одиграни дваесетина потези во две минути!
На третата и на четвртата табла се повторија дуелите од 2024, но играчите имаа спротивна боја на фигурите. Јангји Ју (2.720) се надигруваше со искусниот Пентала Харикришна (2.697), кој имаше подобрен рејтинг во однос на лани. Играчот на ШК Алкалоид му понуди жртва на фигура, но противникот ја одби. Кога сите контра-шанси на противникот беа соборени, црниот крал страдаше во далечна фаза, што беше втора победа за тимот на првите две-три табли.
Читамбарам Аравинд (2.711) со црни фигури против Давид Навара (2.656) одлучи да контрира со ризична модерна варијанта на сицилијанската одбрана. Притоа, жртвуваше пешак, потоа уште еден, а во завршницата влезе со голем ризик, но активноста му донесе заслужено реми.

Со големото водство остварено на повисоките плочи, потребно беше победата да се завери со дополнителен поен на последните табли. Велимир Ивиќ (2.628) се соочи со изненадувачка линија уште од четвртиот потег во дуелот со новиот играч во противничкиот тим, Нилс Гранделиус (2.645). Поради тоа потроши многу време и беше под закана од цајтнот, но остана да игра последен и прокнижи уште едно борбено реми. За разлика од него, Абиманју Пураник (2.615) играше во блага дефанзива со Давид Антон Гихаро (2.631), не западна во временски проблеми и со сигурна игра дојде до реми.
На вториот меч, во кој се сретнаа четвртиот и првиот носител на турнирот, СуперЧес и Бајеган Пендик, романскиот тим, исто така, извојува победа од 4 : 2 над фаворизираниот суперсостав од Турција, па во шестото коло ќе игра директен дуел со ШК Алкалоид, како единствени два тима со 10 бода, односно со стопроцентен успех во досегашниот дел на турнирот. На втората табла ќе играат двата тима кои имаат по 9 бода – Туркиш Ерлајнс и Нагиканижаи.
Фото: Архива на ШК Алкалоид
ПР
Спорт
Нејмар има две опции, во Европа нема да се врати
Иднината на Нејмар веќе некое време е неизвесна, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината.
Во еден момент, медиумите го селеа во Европа, се споменуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент.
Според каталонски „Спорт“, Нејмар има две опции. Прва опција е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил.
А втората е трансфер во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер од Мајами. Таму би го чекале неговите соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.
Нејмар сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но за тоа ќе му треба континуитет и сериозен фудбал. Затоа сакал да се врати во Европа, но истиот извор наведува не постои интерес за неговите услуги на „Стариот континент“.
Спорт
(Видео) Тандери уште еднаш победија по две продолженија – Шеј броеше до 55
Оклахома Сити Тандер, актуелните шампиони на НБА лигата, славеа на гостински терен по две продолженија против тимот на Индијана со резултат 141:135.
Ова е втор пат за три дена, на стартот од сезоната, Тандер да играат две продолженија. И двата пати славеа победи.
Најефикасен во тимот на Оклахома, во реприза на финалето од минатата сезона, беше Шеј Гилџес-Александер со 55 поени, осум скока и пет асистенции.
Аџај Мичел додаде 26 поени, Арон Вигинс забележи 23 поени и девет скока, додека Чет Холмгрен имаше 15 поени и 12 скока.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 36 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам додаде 32 поени и 15 скока. Оби Топин постигна 20 поени.
Оклахома, актуелниот шампион на НБА лигата ја забележа втората победа во сезоната и против Хјустон победата беше изборена по две продолженија, додека за Индијана ова беше првиот натпревар во сезоната.

