Спорт
Елмас е најдобриот репрезент на македонскиот фудбал, Муслиу е најдобар во ПМФЛ
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално ги прогласи најдобрите во македонскиот фудбал во сезоната 2018/19, доделувајќи ги наградите на гала-церемонија во Македонскиот народен театар.
Новата ѕвезда на Наполи, Елиф Елмас, кој во текот на викендот донесе прва победа на новиот тренер Џенаро Гатузо, е прогласен за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство, откако во текот на летово го направи трансферот од Фенербахче.
За најдобар фудбалер во македонскиот шампионат е прогласен Висар Муслиу, кој со Шкендија ја освои титулата, додека најдобар тренер е Југослав Тренчовски од Академија Пандев.
НАЈДОБРИТЕ ВО МАК-ФУДБАЛОТ ВО 2018/19
Најдобар репрезент во странство: Елиф Елмас (Наполи)
Најдобар фудбалер во ПМФЛ: Висар Муслиу (Шкендија)
Најдобар тренер: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар стрелец: Влатко Стојановски (Ренова)
Најдобар судија: Марјан Гоцевски
Награда за фер-плеј: Академија Пандев
Фер-плеј – екипа: Академија Пандев
Најдобар стрелец во женска конкуренција: Ели Јаковска (Истатов)
Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон)
Најдобар тренер (жени): Илија Мандаров (Драгон)
Најдобар млад фудбалер: Џемал Ибиши (Вардар)
Награда за репрезентација: У-19 за пласман во елитни квалификации
Награда за афирмација во мак-фудбалот: Стефан Ристовски (Спортинг)
Најдобар играч – футсал: Таулант Исмаили (Шкупи)
Признанија за посебен придонес: Албрим Ќира (Струга) и Кочо Анѓушев (Борец)
Награда за животно дело: Атанас Костовски
Награда за постхумно дело: Слободан Вујчиќ – Брацо
Фото: ФФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.