Спорт
Ема Радукану елиминирана од Ролан Гарос

Британската сензација Ема Радукану е елиминирана во второто коло на Ролан Гарос, на своето деби во Париз, откако загуби од Александра Саснович од Белорусија со 6:3, 1:6, 1:6.
Радукану, која минатата есен го шокираше тенискиот свет и ја освои титулата од квалификациите за УС Опен, продолжува со колебливи резултати оваа година откако беше елиминирана во второто коло на Австралија Опен во јануари.
Саснович во третото коло ќе се соочи со Германката Анжелик Кербер која ја победи домашната тенисерка Елза Жак со 6:1, 7:6.
На турнирот продолжува уште една претставничка на Белорусија, Викторија Азаренка, која со 6:1, 7:6 ја елиминира ветеранката Андреа Петковиќ.
Во машка конкуренција, Џон Иснер, Карен Хачанов и Феликс Ожие-Алијасим се првите патници во третото коло од натпреварувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Академија Пандев ќе се претопи во Беласица и ќе и го отстапи местото во Првата лига

Поранешниот освојувач на Купот, тимот на Академија Пандев ќе се фузира со Беласица и ќе му го препушти местото во Првата лига. Ова ќе се случи на денот на прославата на стогодишнината на Беласица, откако Горан Пандев во договор со раководството на Беласица одлучи неговиот клуб да се спои со постариот струмички клуб и да се формира еден силен прволигаш.
Ова го потврди Беласица на социјалните мрежи.
„1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот “Благој Истатов” во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод стогодишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев“, соопштија од Беласица.
Спорт
Андреј Стојановски постави нов национален рекорд на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Андреј Стојановски постави личен и национален рекорд на вториот настап на Медитеранските игри. Тој во категоријата 50 метри грбно исплива резултат 27.71 секунди, што е нов национален апсолутен и младински рекорд во оваа дисциплината.
Претходно, Стојановски настапи во дисциплината на 200 метри градно и исплива со време до 2:22.42 минути, а тое нов младински рекорд на Македонија.
Спорт
Џорџ Расел со потег на годината во Ф1 – Го остави болидот за да му помогне на Жу

Трката за ГН на Велика Британија почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Расел демонстрираше фантастично чувство за фер-плеј и направи неверојатен потег, го остави болидот на патеката и истрча да му помогне на Жу.
Тимот на Алфа Ромео објави дека Жу не се наоѓа во животна опасност и ќе биде предмет на дополнителни детални лекарски прегледи.
Honor a George Russell, se la sudó muchísimo el estado de su coche y fue corriendo para ayudar a Zhou. 👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/m1beZ3O2gI
— Jose 🇵🇱 (@JosxFCB) July 3, 2022