Спорт
Емери ја одбил понудата од Њукасл

Унаи Емери нема да ја прифати понудата од Њукасл. Англиските медиуми вчера лансираа информација дека Емери ќе го напушти Виљареал за да го преземе Њукасл. Според тие извори, Њукасл биле подготвени да платат шест милиони евра, како обесштетување.
Емери, претпладнево имал разговори со претседателот на клубот, Фернандо Роѓ. Тој и по победата над Јанг Бојс, во Лигата на шампионите, демантираше дека ќе биде новиот менаџер на Њукасл.
„Интересот постои, но конкретна понуда не е испратена. Среќен сум во Виљареал. Доколку постоеше некаква понуда, најпрвин ќе седнев да разговарам со претседателот Роѓ. Имам голема почит кон претседателот и екипата“, рекол Емери.
Шпанските медиуми тврдат дека на Емери не му се допаѓал проектот на Њукасл. Тој не гледал луѓе со искуство на клучните позиции., поради тоа ќе остане во Виљареал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Џепчирчир светска шампионка во маратон, Поп Арсова претпоследна

Перез Џепчирчир од Кенија го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство во атлетика во 2025 година.
Триесет и едногодишната атлетичарка патеката во Токио ја помина за 2 часа 24 минути и 43 секунди.
Маратонката од Кенија, во последните метри ја престигна Тигст Асефа од Етиопија (2,24.45). Бронзениот медал го освои Јулија Патернане од Уругвај (2,27.23).
За олимписката шампионка од на истото место во 2021 година ова е прва светска титула.
Уругвајката Петарнане е вистинска сензација. На ранг листата таа се наоѓа на 288-то место. Во целта не знаеше дека е трета, со што на Уругвај му го донесе првиот медал во историјата на Мундијалите.
„Обично за време на трката луѓето ви викаат: „На оваа позиција си, на оваа позиција си“. Но, тука сè беше на јапонски, па немав поим каде сум“, објасни Патернејн.
Три минути пред неа во борбата за златото, Џепчирчир ја победи Етиопјанката Тигст Асеф во возбудлив финиш. Поради големата временска разлика, Патернане на патеката на Националниот стадион влезе сосема сама.
„Кога влегов на паетката на стадионот, не видов жива душа“, призна таа. „Немав поим каде сум. Знаев дека сум некаде околу осмото место и бев премногу исплашена да се свртам затоа што не сакав никој да ме стигне. Се обидував да проверам кај службените лица дали тоа е навистина целта. Не се осмелив ни да помислам на медал. Во целосен шок сум.“
🇺🇾🤯 Ni ella lo podía creer.
Así fue la histórica llegada de Julia Paternain, la maratonista uruguaya que le dio al país la primera medalla en la historia de un Mundial de Atletismo.pic.twitter.com/R3rrFpkhSk
— Federico Barreiro ⑫ (@BarrMore) September 14, 2025
Репрезентативката на Македонија, Адријана Поп Арсова Рашиќ, маратонот го заврши на 62. место со време 3 часа, една минута и 48 секунди.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Крофорд влезе во историјата на боксот

Американскиот боксер Теренс Крофорд го победи легендарниот Канело Алварез и стана првиот човек во историјата на овој спорт кој ја освои титулата апсолутен шампион во дури три различни тежински категории.
Во спектакуларен меч одржан пред повеќе од 65.000 гледачи, публиката имаше можност да види дуел на кој се чекаше со децении.
Крофорд го наметна својот ритам од самиот почеток, лесно се движеше и со прецизни директни удари го неутрализира Мексиканецот.
До средината на борбата, на Алварез му беше јасно дека му е потребен прекин за да го сврти резултатот. Во неколку наврати успеа да му нанесе на противникот моќни удари во телото и главата, но Крофорд успеа да го контролира натпреварот.
Седмата и деветтата рунда беа импресивни кога публиката се крена на нозе по отворените размени. Карфорд „заработи“ рез над окото во таа прилика.
На крајот од мечот Крофорд покажа искуство и смиреност, во 12-та рунда немаше потреба да ризикува, бидејќи сè веќе беше јасно.
Крофорд на крајот го победи Алварез со едногласна одлука (115-113, 115-113, 116-111) и постигна невиден подвиг: во ерата на четири појаси, тој стана првиот боксер кој ги обединил сите светски титули во третата различна тежинска категорија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хрватски голман на Меси му одбрани Паненка пенал

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0.
Сè започна со пеналот во 32-та минута, кога Аргентинецот се реши за Паненка, хрватскиот голман Кристијан Калина остана на место, ја прочита намерата на Меси и фати „жива топка“.
No luck on the panenka.
Kristijan Kahlina stands his ground! 😳
📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/Hk7vdrFPCI pic.twitter.com/ltzmUpAPEn
— Major League Soccer (@MLS) September 14, 2025
Следеше целосен пресврт во натпреварот, а блескаше Израелецот Идан Токломати, кој само две минути подоцна ја „казни“ грешката на Меси.
Истиот играч успеа да постигне хет-трик, бидејќи го зголеми резултатот на 2:0 во 47-та минута, а потоа на крајот од натпреварот, од пенал, ја потврди победата на Шарлот.
Интер Мајами го претрпе шестиот пораз во сезоната и сега е осми на табелата со 46 бода, додека Шарлот сега скокна на третото место со 53 бода.