Спорт
Емотивна порака на Сака по промашениот пенал: Ќе победиме, љубовта секогаш победува!
Англискиот фудбалски репрезентативец Букајо Сака (19) се огласи на социјалните мрежи првпат по промашениот пенал во финалето на ЕУРО2020. Тој, како и Џејдон Санчо, односно Маркус Рашфорд не ги искористија обидите од белата точка, по што добија бројни расистички навреди.
Сака во пораката до јавноста се осврна на се што се случуваше и ги прозва Фејсбук, Инстаграм и Твитер дека не прават доволно за спречување на расистичките испади.
„Неколку дена ме немаше на социјалните мрежи за да поминам време со моето семејство и да се осврнам на неколкуте последни недели. Оваа порака нема да биде доволна да покажам колку сум благодарен на љубовта која ја добивав и чувствувам дека морам да се заблагодарам на сите кои ми даваа поддршка.
Чест е да се биде дел од англиската селекција, која може да биде пример на сите, сите членови на екипата ќе останат браќа целиот живот и благодарен сум за се што научив од секој играч. При помошта да и помогнам на екипата да дојде до првото финале по 55 години и гледајќи ја својата фамилија на трибините, знаејќи од што се се одрекоа за јас да стигнам таму каде што сум – тоа бескрајно многу ми значеше.

Немам зборови да опишам како сум разочаран од резултатот и својот пенал. Навистина верував дека ќе го освоиме ова – за вас. Жал ми е што годинава не го донесовме трофејот дома, но ви веувам дека оваа генерација ќе даде се од себе да вкуси како е да се победува.
Мојата реакција по мечот кажа се, бев многу тажен затоа што се чувствував како да сум ја изневерил целата англиска фамилија, но ви ветувам – нема да дозволам да ме скрши тој момент или негативностите кои ги почувствував неделава.
За оние кои застанаа зад мене и ми праќаа емотивни писма, за да ми посакаат се најдобро мене и на моето семејство – неизмерно сум им благодарен. Тоа е дел од фудбалот. Страст и соединување на луѓето од сите раси, полови, религии и позадини во една заедничка љубов – во фудбалот.
Друштвените мрежи Инстаграм, Твитер и Фејсбук – не сакам ниту едно дете или возрасна личност да мора да добива навредливи поруки со омраза какви што изминатава недела добивавме Маркус, Џејдон и јас. Веднаш знаев каква омраза ќе добијам и тажна е реалноста вашите моќни платформи не прават доволно да ги спречат таквите пораки.
Нема место за расизмот или за било каква омраза во фудбалот или во било кое подрачје на заедницата. Поголемиот дел од луѓето се обединија против сите тие кои испраќаат такви пораки, се ангажираа и пријавуваа коментари во полиција. Порачувам – ќе победиме. Љубовта секогаш победува„ напиша Сака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Франческо Тоти се враќа во Рома
Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за враќање на Олимпико, во улога на директор. Клаудио Раниери, спортскиот директор Рики Масара и тренерот Џанпјеро Гасперини веќе разговарале на оваа тема.
Сега, за прв пат, поранешниот капитен на Рома даде изјава, по повод неговото враќање во клубот.
„Отсекогаш сум бил навивач на Рома и за мене Рома е втор дом. Секогаш било така, без разлика дали сум во клубот или не. Задоволен сум од она што го прават, од начинот на кој се движат работите. Во последно време имаше некои гласини за мене. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, рече Тоти и додаде:
„Гасперини одлично ја врши работата. Се надеваме дека што поскоро ќе ја врати Рома во Лигата на шампионите. Вечерав со него. Разговаравме за фудбал и за сите други работи“, рече „Принцот на Рим“ во интервју за „Скај Спорт Италија“.
Според италијанските медиуми, идејата на раководството на Рома е Тоти да ја преземе улогата на технички директор на клубот.
Франческо ја помина целата своја фудбалска кариера во Рома, постигна 307 гола на 786 натпревари. Тоти со Рома ка освои Серија А во сезоната 2000/01.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Мејар на тронот во слалом, Мекграт трагичар
Лоик Мејар е олимписки шампион во слалом, по спектакуларната трка во Бормио. Швајцарецот ја запре штоперицата по двете возења на 1:53.61. За Швајцарија ова е прв златен медал во оваа дисциплина по 78 години и Игрите во Сент Мориц во 1948 година. Ова е негов втор медал во Бормио, бидејќи претходно освои сребро во тимска комбинација со Марко Одермат.
Второто место му припадна на Австриецот Фабио Гштрајн, кој беше 35 стотинки зад Мејар. а броната ја освои Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој беше една секунда и 13 стотинки зад Мејар.
По првото возење, Лоик Мејар беше втор. Се мачеше во првиот дел од втората трка, но потоа го пронајде вистинскиот ритам и во тој момент го престигна Австриецот Фабио Гштрајн.
Сè уште чекаше само Атле Ли Мекграт, кој беше убедливо прв бидејќи во првото возење се снајде најдобро во тешките временски услови. Имаше предност од 58 стотинки. Сепак, веќе во првиот дел од патеката мораше да се откаже. Ги фрли и стаповите и скиите и излезе на патеките за да ја излечи својата фрустрација.
Foto/ EPA
Спорт
Синер и Алкараз ќе „лапнат“ по милионче само со доаѓањето во Доха
Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе добијат 1.200.000 долари само што ќе се појават на АТП 500 турнирот во Доха.
Како што објави италијанскиа „Газета“, организаторите издвоиле огромна сума за да го обезбедат настапот на првиот и вториот тенисер во светот на турнирот во Катар.
Се шпекулира дека слична финансиска понуда била подготвена и за Новак Ѓоковиќ, но српскиот ас реши да го прескокне овој турнир, за да се одмори.
Во текот на својата кариера, Ѓоковиќ двапати ја освои титулата во Доха, додека Синер и Алкараз сè уште немаат трофеј на овој турнир.
Ова ќе биде прв настап на Италијанецот во Катар, додека Шпанецот минатата година стигна до четвртфиналето, каде што беше запрен од Јиржи Лехечка.
Алкараз ќе го отвори натпреварувањето оваа сезона со дуел против Артур Риндеркнеш, додека Синер ќе се соочи со Томаш Махач во првото коло.
Турнирот во Доха ќе се игра од 16 до 21 февруари, а вкупниот награден фонд е 2.80.000 долари.
Foto/ depositphotos

