Спорт
Емполи победи во Болоња

Фудбалерите на Болоња доживеаа пораз на дебито на новиот тренер Тијаго Мота. Во првиот меч од саботната програма во Серија А, Емполи со 1:0 славеше победа во Болоња.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Филипо Бандинели во 75. минута од натпреварот.
Само 15 минути пред голот, Болоња беше најблиску до водство кога беше досуден пенал, кој набрзо беше поништен со одлука на ВАР собата. До крајот и Марко Арнаутовиќ успеа да ја погоди стативата и тоа е се што видовме на овој натпревар.
Болоња моментално е 14. со само една победа и по три нерешени и порази, додека Емполи е три позиции погоре со еден пораз помалку и едно реми повеќе.
BOLOGNA FC 1909 0-1 EMPOLI FC
⚽ 75' Filippo Bandinelli (#EmpoliFC)pic.twitter.com/scxFxEFLYq— All goals replay (@goalsreplayg) September 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ракометна револуција – Се проширува Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека почнувајќи од следната сезона, форматот на ракометната Лига на шампиони и Европската лига ќе биде променет. Бројот на екипи во Лигата на шампиони ќе се зголеми од сегашните 16 на 24, и тие ќе играат според сосема нов систем на натпреварување, сличен на оној што го гледаме на репрезентативните настани.
Почнувајќи од следната сезона, најелитното клупско натпреварување во Европа ќе го играат 24 екипи, поделени во шест групи од по четири екипи. Откако ќе играат во „кружен систем“ (со секој ривал дома и на гости), двете првопласирани екипи од секоја група се префрлаат во две групи од по шест екипи.
Екипите што ќе завршат на позициите три и четири ќе го продолжат своето европско патување во елиминацискиот дел од Европската лига.
Дванаесетте екипи што на тој начин ќе се најдат во главниот дел од ждрепката повторно ќе играат по „кружен систем“, по што четирите најдобри екипи од секоја од тие две групи ќе се квалификуваат за четвртфиналето (првопласираниот ќе игра со четвртопласираниот, второпласираниот со третопласираниот).
Шестопласираните тимови ќе ја завршат својата европска приказна тука, додека петтопласираните тимови ќе се пласираат директно во осминафиналето во Европската лига.
Победниците од четвртфиналните натпревари на Лигата на шампионите ќе се квалификуваат за турнирот „Фајнл Фор“ во Келн, каде што, како и досега, ќе се одлучува за новиот шампион.
Од следната сезона, 32 тима ќе влезат во Европската лига, распоредени во осум групи од по четири тима (веќе нема да има прелиминарни рунди и квалификации). Во групите, тимовите ќе играат по „кружен систем“, по што првите две од секоја група ќе се пласираат во елиминацискиот дел од натпреварувањето.
На 16-те тима во нокаут фазата ќе им се приклучат и 12 екипи од Лигата на шампионите.
Овие 28 тима ќе бидат поделени во 14 парови, по што на победниците ќе им се придружат уште две тима од Лигата на шампионите. Зборуваме за петтопласираните екипи од главниот дел од ждрепката на тоа натпреварување, што ќе ни даде 16 екипи во осминафиналето на Европската лига.
Победниците од тие натпревари ќе се пласираат во четвртфиналето, победниците во оваа фаза ќе изборат место на „Фајнал Фор“ турнирот.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Оклахома по две продолженија го победи Хјустон, Вориорс славеа кај Лејкерси

НБА сезоната започна со два натпревари одиграни изминатата ноќ. Во првиот натпревар шампионите Оклахома Сити Тандер ги победија Хјустон Рокетс со 125:124 по две продолженија, а во вториот натпревар, Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 109:119.
Навивачите на Тандер го добија она што го чекаа, церемонија на доделување на прстените, откривање на шампионското знаме и победа над поранешната ѕвезда на Оклахома Сити, Кевин Дурант.
Шеј Гилџис-Александар, актуелниот МВП, погоди две слободни фрлања на 2,3 секунди до крајот на второто продолжение за да им ја донесе победата на Тандер. Шести пат во историјата првата вечер заврши со двојно продолжение и прв пат од 2005 година.
Гилџис-Александар постигна 35 поени, со по пет скока и асистенции, а Чет Холмгрен додаде 28 со седум украдени топки. Алперен Шенгун беше одличен во поразениот тим со 39 поени, 11 скока и седум асистенции, додека Дурант додаде 23 и имаше девет скока.
Сезоната не започна добро за ЛА Лејкерси, кои пред својата публика, без повредениот Леброн Џејмс, беа поразени од Голден Стејт Вориорс. Се предвидува дека Џејмс ќе пропушти околу еден месец акција во својата 23-та НБА сезона.
Во тој период, Лејкерси ќе ги положат своите надежи на тоа што може да направи Лука Дончиќ. Словенечката суперѕвезда на најсилната кошаркарска лига во светот ја започна својата прва целосна сезона во својот нов клуб, каде што пристигна во неочекувана размена на играчи со Далас Маверикс во февруари.
Со 17/27 шутеви од поле и 7/10 од линијата за слободни фрлања, Дончиќ постигна 43 коша, додаде 12 скока и девет асистенции. Тој стана првиот играч на Лејкерси по Коби Брајант во 2007 година кој ја отворил сезоната со 40 или повеќе поени.
Остин Ривс постигна 26 поени и девет асистенции, но проблемот за Лејкерси беше што само новиот центар на тимот, Деандре Ајтон, достигна двоцифрен број поени (10).
Воините до победата ги предводеа Џими Батлер со 31 поен и Стеф Кари, кој ја започна својата 17-та сезона во НБА лигата, со 23 поени. Џонатан Куминга и Бади Хилд додадоа по 17 поени.
Спорт
Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.
Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.
„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.
Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.