Спорт
Енцо Фернандез ја прифатил понудата на Челси

Манчестер Јунајтед и Ливерпул тргнаа по Енцо Фернандез, а потоа во игра влезе и Челси кој според последните информации ја доби битката за новиот светски шампион. Според медиумите на Островот, аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез се договорил со „сините“ и прифатил преселба на „Стемфорд Бриџ“.
Останува неговиот сегашен клуб Бенфика да се договори со Челси за висината на трансферот и динамиката на плаќање.
21-годишниот фудбалер има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клаузула според која е слободен за 120.000.000 евра.
Челси наводно не сака да ја плати оваа огромна сума одеднаш, „сините“ сакаат да го купат Фернандез на рати, со тоа што на крајот таа бројка би ги надминала бараните 120 милиони евра.
Фернандез дојде во Бенфика ова лето од Ривер Плата за 12.000.000 евра. Колку покажа за шест месеци доволно говори и фактот што ќе биде продаден за десет пати поголема сума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.