Спорт
Ендрик замина од Реал, се сели во Лион
Францускиот прволигаш Олимпик Лион постигна договор со Реал Мадрид за позајмица на талентираниот бразилски напаѓач Ендрик (19). Клубот активно бараше голгетер по заминувањето на Александар Лаказет и Жорж Микаутадзе во лето, а младиот Бразилец беше главна цел на тренерот Пауло Фонсека од самиот почеток. Ендрик брзо се согласи да се пресели во францускиот клуб, како што објави „Л’Екип“.
Клучната причина за трансферот е желбата на Ендрик, повеќе време да минува на теренот, со цел да ги зголеми шансите да се најде меѓу патниците на Светското првенство.
Со оглед на тоа што не доби многу можности во Мадрид, 19-годишникот пристигнува во Лион на шестмесечна позајмица без опција за откуп на договорот. Францускиот клуб ќе му плати на Реал милион евра, а Ендрик ќе го носи дресот со број 9 во новиот тим, истиот што го носеше во Реал.
Лион сега се трка со времето за да го регистрира Ендрик на време за гостувањето против Монако, кое е закажано за сабота, 3 јануари. Оваа сезона, Ендрик играше само на три натпревари. Тоа е неспоредливо помалку од времето кога тренер беше Карло Анчелоти минатата сезона. Ендрик кај Анчелоти одигра 37 натпревари и постигна седум гола.
Реал го ангажираше пред три години, а Ендрик дојде од Палмеирас во трансфер вреден 60 милиони евра минатото лето, кога стана полнолетен. Покрај Мбапе, Винисиус, Родриго и Гонзало Гарсија, тој не успеа да се избори за место во тимот и инсистираше да оди на позајмица за да го добие повик од селекторот Анчелоти за Светското првенство.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

