Спорт
Ердоган го пречека својот шампион Башакшехир

Башакшехир, по освојувањето на првата домашна титула, беше пречекан од еден од најголемите навивачи на клубот, претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Башакшехир има тесни врски со владејачката партија во Турција, а се наоѓа во истото работничко предградие каде што порасна Ердоган. Клубот направи потрес во турската Суперлига прекинувајќи ја доминацијата на големите три клуба од Истанбул, Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, кои заедно имаат 54 титули од основањето на Суперлигата во 1959 година. Освен овие три клуба, претходно шампиони беа само уште Трабзонспор и Бурсапсор.
„Историска сезона за нас бидејќи никој од големата тројка не беше на првите две места“, изјави директорот на клубот, Мустааф Ерогут, по освојувањето на титулата.
Клубот е основан во 1990 година како Истанбул Бујукшехир Беледијеспор пред првпат да влезе во Суперлигата во 2007/2008. Од 2014 година клубот е познат како Башакшехир. За разлика од другите големи турски клубови, тие немаат огромни долгови и покрај тоа што трошеа на засилувања како Робињо, Демба Ба и Гаел Клиши.
Критичарите велат дека се работи за личен проект на претседателот Ердоган – претседателот на клубот, Гоксел Гумсдаг, е оженет со внука на сопругата на Ердоган.
„Луѓето го сметаат Башакшехир како фудбалска гранка на партијата АКП. Кога ќе ги загубат изборите, Башакшехир ќе страда“, вели турскиот фудбалски новинар Алп Улагај.
Навивачите на големите клубови го сметаат Башакшехир клуб без навивачи – оваа сезона тој имаше просек од 2.900 гледачи на домашните натпревари иако има стадион со капацитет од 19.000 седишта.
Cumhurbaşkanımız Sayın @RTErdogan, Süper Lig’de 2019-2020 sezonunu şampiyon tamamlayan kulübümüzün yönetim kurulu üyelerini, idari ekibini, teknik direktörümüz Okan Buruk’u ve futbolcularını, Cumhurbaşkanlığı Külliyesinde kabul etti.
➡️ https://t.co/rOLo3wJ3Wm pic.twitter.com/pxjy6SKFw6
— İstanbul Başakşehir 🏆 #TürkiyeninYeniŞampiyonu (@ibfk2014) July 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши СП за Лука Циндирќ
Лука Циндриќ, еден од најважните играчи во хрватската репрезентација, поради повреда, го заврши своето учество на Светското првенство во Египет.
Циндриќ беше неизвесен за натпреварот против Јапонија, но тој сепак беше во тимот, одигра 42 минути, постигна четири гола. Дуелот Хрватска Јапонија заврши без победник 29:29.
Прегледите по мечот со Јапонија, покажале дека повредата која Циндирќ ја влече подолго време се влошила.
Повредата на Циндриќ претставува сериозен удар за Хрватска, бидејќи селекторот Лино Червар на позицијата среден бек остана само со играчот на Нексе Јанко Кевиќ. Во отсуство на Игор Карачиќ, кој би требало да биде подготвен за вториот круг, целиот товар во организацијата на играта ќе падне врз капитенот Домагој Дувњак.
Хрватска, утре, во второто коло, од 18 часот ќе игра против Ангола.
Спорт
„Хабиб ќе се врати ако види нешто спектакуларно“

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ги објави деталите од состанокот што го имал со Хабиб Нурмагомедов. Вајт и борецот од Дагестан кој замина во пензија, се сретнале во петокот во Абу Даби.
Вајт открил дека не успеал да го убеди Нурмагомедов да се врати во октагонот, меѓутоа непоразениот во лесна категорија, рекол дека ќе размисли и ќе реши дали ќе се врати, по борбите што следат, а во кои ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, односно Ден Хукер и Мајкл Чендлер.
„Ќе ги гледа тие борби кои ќе се одржат наредниот викенд. Доколку направат нешто спектакуларно, тогаш можеби ќе се врати“, открил Вајт.
„Смета дека Чарлс Оливеира бил одличен против Тони Фергусон, а доколку момците наредниот викенд приредат спектакл, Хабиб би можел повторно да влезе во октагонот“.
Хабиб кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.
Спорт
Минималец на Челси против Фулам

Челси, како гости, славеа минимална победа над градскиот ривал Фулам, во 19.коло во Премиер лигата. „Сините“, ставија крај на лошата серија, тие беа поразени на претходните три натпревари (Арсенал, Астон Вила, Манчестер сити).
Челси беа подобриот тим на теренот, но дури во финишот ја обезбедија победата. Во првиот дел Маунт го погоди дирекот, а Ареола го одбрани ударот на Ридигер. Во последната минута од првиот дел Фулам остана со играч помалку на теренот. Робинсон, поради жесток старт доби црвен картон.
Теренската надмоќ во вториот дел Челси ја реализираше во 78.минута, кога Маунт го постигна единствениот гол.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира