Контакт

Спорт

Ериксен ги брои последните денови во Интер

Објавено пред

Кристијан Ериксен дојде во Интер како големо засилување, но не успеа да ги оправда очекувањата. Според италијанските медиуми, Данецот ги број последните денови на „Џузепе Меаца“.

Интер е подготвен да го продаде Ериксен за сума од 30.000.000 евра. Според шпекулациите, голем интерес за Ериксен покажале од Арсенал.

Ериксен има договор со Интер до 2024 година.

Доколку Ериксен замине, Интер ќе се обиде да донесе еден од овие четворица играчи: Корентан Толисо (Баерн), Фред (Манчестер јунајтед), Гранит Џака (Арсенал) и Леандро Паредс (ПСЖ).

Спорт

Лапорта е избран за претседател на Барселона

Објавено пред

Жоан Лапорта ги доби претседателските избори во фудбалскиот клуб Барселона. На функцијата, Лапорта, го наследи Џозеп Марија Бартомеу, кој во октомври минатата година поднесе оставка на функцијата.

Лапорта по 11 години се враќа на челната позиција во славниот клуб. Во првиот мандат, од 15.јуни 2003 до 30.јуни 2010), тој освои четири трофеи во Ла Лига, два во Лигата на шампионите, три во Супеткупот на Шпанија и по еден во Купот на Кралот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

На изборите гласале нешто повеќе од 110.000 членови на клубот. Лапорта добил 54,28 отсто од гласовите, односно за него гласале 30.184 членови на клубот. Вториот кандидат Виктор Фонт добил 29,99 отсто од гласовите, а 8,58 отсто од членовите на клубот гласале за Тони Фреиша.

Лапорта доби мандат да го води клубот до 2026 година. Уште на почетокот на мандатот се соочува со тешка задача, треба да го убеди Лионел Меси да остане во клубот. Во предизборната кампања Лапорта тврдеше дека тој е кандидатот кој ќе го задржи Меси во клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тимот Леброн победи на Ол стар натпреварот – Јанис МВП

Објавено пред

Ол стар натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата, заврши со победа на тимот на Леброн Џејмс. Во Атланта тимот Леброн го победи тимот на Кевин Дурент со 170:150.

Ол старт натпреварот го обележаа Јани Адетокумби и Стеф Кари. Грчкиот репрезентативец, не промаши од игра, мечот го заврши со 35 поени, а Кари во првото полувреме постигна три тројки од пола терен.

Тимот на Леброн доминираше во текот на целиот натпревар, ги доби сите четвртини, на полувреме водеше со 100:80, а погодија 31 тројка.

Покрај Адетокумбо кој постигна 35 поени, во тимот на Леброн Џејмс, се истакнаа Демијан Лилард со 32 и Стеф Кари со 28 поени, додека Крис Пол постави рекорд со 16 асистенции.

На спротивната страна Бредли Бил постигна 26, а Кајри Ирвинг 24 поени.

Балканците имаа скромен ефект Лука Дончиќ постигна осум поени, Никола Јокиќ шест, а Никола Вучевиќ пет поени, на кои придодаде седум скока.

За МВП на натпреварот беше прогласен Јанис Адетокумбо.



Прикажи повеќе...

Спорт

Инсиње со два гола, Наполи рутински до победа над Болоња

Објавено пред

Наполи стигна до 3:1 победа над Болоња благодарение на двата гола на капитенот Лоренцо Инсиње за да ја продолжи битката за топ 4 пласман и Лига на шампиони следната сезона.

Тимот на Џенаро Гатузо дојде во водство уште во осмата минута преку Инсиње, пред Нигериецот Виктор Осимен, кој влезе во 54. минута во 65. минута да го постигне својот прв гол за Наполи по пауза од четири месеци за 2:0. Роберто Соријано во 73. минута се закани со камбек на Болоња, но само три минути подоцна Инсиње да стави точка на натпреварот.

Со завршената работа, Инсиње во 79. минута излезе од игра, и шанса да го одигра финишот доби македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Наполи се шести на табелата со 47 поени, два помалку од петтопласираната Аталанта и три зад четвртопласираната Рома, додека Болоња на Синиша Михајловиќ се на 12. место со 28 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа47 минути

ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Унијата очекува двојно да се зголеми снабдувањето со вакцини од...

Македонија1 час

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет13 часа

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет16 часа

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија17 часа

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија17 часа

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија18 часа

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа18 часа

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет19 часа

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија20 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија20 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија20 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа20 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија23 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет23 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија24 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет1 ден

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет2 дена

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија2 дена

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ2 дена

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Досие