Спорт
Ериксен нема да го продолжи договорот со Брентфорд

Кристијан Ериксен нема да го продолжи договорот со Брентфорд. Тој ќе биде член на овој клуб до крајот овој месец.
Откако лани колабираше на теренот на мечот против Финска, на ЕП, Ериксен го раскина договорот со Интер. Во зимскиот преоден рок потпиша договор со Брентфорд, за кој минатата сезона забележа 11 настапи, постигна еден гол и забележа четири асистенции.
Ериксен не планира да го продолжи договорот и бара нов клуб, а поради вградениот дефибрилатор, ограничен е бројот на лиги во кои може да игра, бидејќи во некои тоа е забрането поради преголем ризик по здравјето.
Англиските медиуми пренесуваат дека Ериксен е на мета на Њукасл.
Неофицијално најбогатиот клуб во светот под тренерот Еди Хау следната сезона сака да состави тим со кој ќе го нападне горниот дел од табелата, односно местата кои носат пласман во европските купови. Покрај Њукасл, интерес за Ериксен покажува и Тотенхем, каде менаџер е Антонио Конте, поранешниот тренер на Ериксен во Интер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Изненадување на НБА драфтот: Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро како прв пик

Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро за прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата. На Американецот со италијанско потекло му се предвидуваше нешто пониска позиција, но неговото име прво беше прочитано во Њујорк.
Офанзивно е неверојатно талентиран играч, може да си создаде позиција за шут во секој момент удари, а она за што го критикуваат е страничното движење, односно недоволната брзина.
Банкеро има италијанско и американско државјанство, а негова желба е да игра за италијанската репрезентација. Тој е играч со повеќе награди, кој доаѓа од престижниот универзитет Дјук.
Нов соиграч доби и Алексеј Покушевски, откако за втор пик Оклахома го избра Чет Холмгрен. Тој е висок 213 сантиметри и тежок 88 килограми, па неговата кревка градба носи доза на страв кај НБА скаутите.
Предностите на Холмгрен се заштитата на рекетот, како и можноста да креира удари со дриблинг и да погоди за три поени.
Џабари Смит е избран од Хјустон како трет пик на драфтот, иако се очекуваше тој да биде прв, барем според експертите од Америка. Станува збор за крилен центар од Универзитетот во Обурн, за кого сите истакнуваат дека има неверојатни работни навики. Она што најмногу му се замерува е играњето во рекетот и контролата на скоковите.
Every pick from Round 1 of the 2022 NBA draft 📝 pic.twitter.com/PWPKwx1Tr3
— ESPN (@espn) June 24, 2022
Спорт
Кристијано Роналдо пред сензационален трансфер во Баерн Минхен

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед и ќе направи сензационален трансфер во Баерн Минхен, открива шпанскиот весник „Ас“. Тој треба да го замени Роберт Левандовски во нападот на германскиот шампион.
Роналдо подолг период размислува за заминување од „Олд Трафорд“ со оглед дека Манчестер Јунајтед нема да настапува во Лигата на шампионите претстојната сезона.
Евентуалното заминување во Баерн Минхен му отвора нови опции и борба за трофеи во сите натпреварувања.
Спорт
Њукасл го потврдија трансферот на англискиот голман Поуп

Њукасл го потврдија трансферот на Ник Поуп за 12 милиони фунти од Барнли, давајќи му четиригодишен договор на англискиот голман. Поуп помина шест сезони на „Тур Мур“, но беше јасно дека ќе замине од Барнли по испаѓањето на клубот во Чемпионшип.
„Едвај чекам да почнам, бидејќи поминаа неколку недели пред да се реализира договорот“, вели Поуп, кој има над 100 настапи за Барнли, а исто така има и 8 настапи за англиската репрезентација, каде што честопати му е замена на Џордан Пикфорд.
Поуп е второ засилување за Њукасл во летниот преоден рок откако го донесоа Мат Таргет од Астон вила, но се очекува клубот да потроши голема сума откако лани беа купени од саудиската компанија ПИФ.
Raring to go! 🙌 pic.twitter.com/QXn2029jsE
— Newcastle United FC (@NUFC) June 23, 2022