Спорт
Ериксен повторно ќе игра за Данска

Девет месеци по натпреварот со Финска, кој можеше да заврши фатално за Кристијан Ериксен, играчот на Брентфорд доби повик од данскиот селектор за натпреварите со Холандија и Србија.
На Европското првенство во Копенхаген на 12 јуни, на натпреварот Данска – Финска, Ериксен доживеа срцев удар на теренот. Лекерите успеаја да го спасат, а неколку месеци подоцна доби дозвола да продолжи професионално да се занимава со фудбалот.
Го раскина договорот со Интер и во јануари потпиша со Брентфорд. Дебитира во новиот тим пред две недели.
Данска на 26 и 29 март ќе одигра пријателски натпревари со Холандија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Британците со драстични казни за користење кокаин на трибините

Британската влада објави дека фудбалските навивачи што ќе користат или ќе продаваат дроги од А-класа (како кокаин) околу фудблските стадиони ќе добијат петгодишна забрана за влегување на стадион во обид да не се повторат сцените од минатогодишното Европско првенство.
„Навиката да водат војни на нашите улици и да ги зголемуваат мизеријата и криминалот во Британија мора да престане. Затоа ги зголемуваме напорите за оние што ќе го прекршат законот да ги сносат последиците бидејќи користењето нелегални дроги никогаш не е криминал без жртви“, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.
Мерките доаѓаат по зголемувањето на бројот на инциденти на фудбалските натпревари, особено на Евро 2020, каде што повеќе фанови беа снимани како земаат кокаин. Статистиката на британската полиција покажува дека во однос на сезоната 2019/2020 има дури 36 отсто повеќе случаи на нереди на фудбалските натпревари.
Спорт
Откриени подобрувањата на Мерцедес – ќе има ли голем скок во перформансите?

Ф1-новинарите на „Скај спортс“ ги објавија првите фотографии од промените на болидот на Мерцедес пред шпанското ГП во Барселона, со кои се надеваат дека ќе имаат голем скок во перформансите по лошиот почеток на сезоната.
Мерцедес последните осум сезони ги освојуваа титулите кај конструкторите со својот доминантен болид за оваа сезона да падне зад Ферари и Ред бул по што шефот на тимот, Тото Волф, призна дека со подобрувањата во Шпанија ќе знаат дали да продолжат да го тераат уникатниот дизајн, без странични крила, или да го сменат концептот.
Мерцедес имаше еден ден тестирање на патеката Пол Рикар во Франција во средата, односно термин за снимање реклами, во кој смееја да возат само 100 километри или 17-ина круга. Зад воланот беше Џорџ Расел.
Фотографиите од Барсеона покажуваат мали крилца под болидот кон предното крило, дизајн што Ферари и Ред бул го користат од почетокот на сезоната и со кој треба да се подобри протокот на воздухот во предниот дел на болидот. Исто така, има и мали промени на подот, една од слабостите на Мерцедес оваа сезона. Дали ова ќе донесе до пообрувања останува да се види.
Спорт
Матиќ до навивачите на Јунајтед: Продолжете да навивате и да верувате во тимот

Немања Матиќ, пред заминувањето од „Олд Трафорд“ им прати порака на навивачите на Манчестер јунајтед, велејќи им да продолжат да го поддржуваат тимот уверувајќи дека фудбалерите го даваат својот максимум.
Српскиот фудбалер од средниот ред ќе замине како слободен агент, но се надева дека клубот ќе види подобри денови во иднина, откако оваа сезона ја завршиј без трофеј и без место во ЛШ со најмалку освоени поени во Премиерлигата.
„Знам дека имавме неколку тешки сезони, но сакам навивачите да знаат дека на тренинзите и на натпреварите го даваме нашиот максимум и Јунајтед ќе се врати. Ќе биде потребно време, но Јунајтед сигурно ќе се врати. Продолжете да го поддржувате тимот и останете заедно. Фановите препознаа дека го давам максимумот на теренот, но и надвор од фудбалот сакам да бидм пример. Да се биде фудбалер на Манчестер јунајтед значи многу“, вели 33-годишниот Матиќ.