Спорт
Ериксен повторно тренира, на терените од младоста
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен им се врати на тренинзите. Тој индивидуално работи на терените на неговиот тим од младоста – дански Оденсе.
Ериксен не се појавил на зелениот терен уште од мечот против Финска на ЕУРО2020 кога се струполи на теренот, по доживеаниот срцев удар.
„Не контактираше и сега тренира сам. За него е природно, затоа што овде играше кога беше млад. Среќни сме што можевме да му излеземе во пресрет“ рече портпаролот на Оденсе.
Ериксен за тој клуб настапуваше до 2008 година, кога се пресели во Ајакс. Потоа следуваа епизоди во Тотенхем и во Интер.
Нему му е забранет настап во Италија поради дефибрилаторот кој му е вгрдаден, а од Интер велат дека му се отворени вратите да побара друг клуб.
Christian Eriksen has started training alone at Danish club Odense Boldklub, whom he represented as a teenager, as he continues his rehabilitation from suffering a cardiac arrest at Euro 2020.
Excellent news ?? pic.twitter.com/fouziowaPG
— BETWIZAD.COM?♂️_Webmaster (@OGBENI_BAMBAM) December 2, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите…“
Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанеле по натпреварите во Премиерлигата. Станува збор за периодот кој некии го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.
„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни – покајано вели Кин.
Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.
„Многу пати одев во сабота по натпреварот, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на седум Премиер лиги, четири ФА купови и Лигата на шампиони.
Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „Второто полувреме“ призна:
„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода.“
Гери Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.
„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие десет големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.
„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/96 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален и дојдоа нутриционистите…“
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.