Спорт
Естонско-шпанско финале на Завршниот мастерс
Анет Контавејт и Гарбиње Мугуруса ќе се борат за титулата на Завршниот мастерс во женска конкуренција.
Контавејт, во полу-финалето, против Марија Сакари ја потврди добрата форма. Естонката славеше, по два часа игра, славеше со 6/1, 3/6, 6/3.
Контавејт во мечот направи четири брејка, во исто време два пати не успеа да го задржи својот сервис.
Во финалето Контавејт ќе игра против Мугуруса, која ја доби шпанската пресметка, со Паола Бадоса.
Мугуруса доминираше во текот на целиот меч, ја доби сонародничката со 6/3, 6/2.
Контавејт и Мугуруса прв пат ќе играат во финалето на Завршниот мастерс во сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Луѓе немаат за леб, се водат војни, а Винисиус заработува милијарди“
Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, во подкастот „Lood“ зборуваше за социјалните неправди и искривените вредности во спортот.
Трофејниот тренер ја апострофираше диспропорцијата помеѓу заработката на фудбалерите и другите професии, а коментираше и за моменталната состојба во светот.
„Седам со, можам да кажам, мојот пријател, докторот Стипе Јадријевиќ. Што прави тој човек во животот, низ што поминува. Спасува луѓе, отстранува црн дроб, трансплантации. А овој човек има милијарди евра затоа што најдобро ја шутира топката, тоа е ужасно“, рече Туцак и продолжи.
„Како ќе заврши сето ова, оваа лудост во која живееме. Ваму војни, глупости, убиства… Овде овој човек игра фудбал и заработува сто милијарди. Некој Винисиус, со сета почит кон момчето, човекот… заработува толку пари. Па од каде ова, не ме замарајте! Што почна да се случува? Ајде, милион, два, пет… или десет нешто. Јас самиот сум спортист и знам што е потребно за да се биде успешен. Но, овој заработува милијарда, а некаде луѓето умираат од глад. Предмет на потсмев на времето во кое живееме.“
Foto/ freerangestock
Спорт
Лео Меси во Калкута ќе добие статуа висока 20 метри
Во Калкута ќе биде откриена 20-метарска статуа во чест на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.
Индиските медиуми објавија дека по овој повод се очекува доаѓањето на славниот Аргентинец во главниот град и најголем град на индиската држава Западен Бенгал.
Поради ова, во Калкута владее вистинска еуфорија. Статуата, која се наоѓа во близина на спортскиот клуб „Шри Бхуми“, го прикажува 38-годишниот фудбалер како го држи трофејот од Светското првенство во 2022 година освоен во Катар. Висока е 20 метри и ќе биде највисокиот споменик на Меси во светот.
„Нема поголема статуа на Меси. Тој има многу свои обожаватели тука. Луѓето велеа „Имаме статуа на Марадона, па зошто да немаме статуа на Меси?“ На крајот на краиштата, Марадона, Роналдињо и Емилијано Мартинез доаѓаа тука“, рече Суџит Босе, министер на Западен Бенгал и претседател на спортскиот клуб „Шри Бхуми“.
Церемонијата на откривање на статуата ќе се одржи во сабота, 13 декември, а беше најавено дека покрај Лионел Меси, во Индија ќе пристигнат и неговите пријатели и соиграчи од Интер Мајами, Уругваецот Луис Суарез и Аргентинецот Родриго Де Пол.
Foto/ depositphotos
Спорт
„Што имам во торбата. Дресот на Мектоминеј, тоа е најмалку што ми должи“
Жозе Мурињо, разбирливо, беше расположен откако неговиот тим Бенфика го победи Наполи со 2-0 во шестото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на Бенфика дојде на прес-конференцијата по триумфот над шампионот на Италија со торба.
„Забележав дека носите торба. Дали има подарок за еден од новинарите во неа?“, праша еден од новинарите.
Мурињо одговори: „Не, внатре има подарок за мене. Тоа е дресот на Скот Мектоминеј. Го турнав на почетокот на неговата кариера, поради него го ставив Пол Погба на клупата. Па најмалку што можеше да направи беше да ми даде дресот. Скот сега се сети дека имам голема колекција дресови и ми даде уште еден примерок за колекцијата како благодарност. Му дадов шанса, но потоа сè беше околу него и неговата работа. Скот е победник и го докажа тоа.“
Мурињо откри за што друго разговарал со својот поранешен играч: „Му кажав на Скот дека децата што ги праќам во последните минути на теренот се новиот Мектоминеј. Последниот што влезе, Жозе Нето, сигурен сум дека ќе направи историја.“
Мектоминеј (28) го предводеше Наполи до титулата во Италија минатата сезона со брилијантни настапи и голови. На крајот беше прогласен за играч на сезоната во Серија А.
Foto/ depositphotos

