Спорт
ЕУРО У-21: Данска ја „среди“ Австрија откако тие промашија пенал (видео)
Селекцијата на Данска за фудбалери до 21 година денеска со 3-1 славеше победа против Австрија на Европското првенство У-21 што се одржува во Италија и Сан Марино.
Данците поведоа во 33 минута со голот на Меле. Само што започна второто полувреме, Австријците со голот на Линхарт израмнија на 1-1.
Во 73 минута имаа шанса за водство. Пенал промаши Баумгартнер.
Казната стигна 4 минути подоцна, повторно преку Меле. За потврда на победата и за конечни 3-1 се погрижи Сков Олсен во 93 минута од мечот.
Сега двете селекции имаат по 3 бода во групата Б, исто колку и фаворитот Германија која мечот од второто коло против Србија го започна пред неколку минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Наполи во 92.минута остана без победа против Рома
Дерби дела Соле во 23. коло во Серија А, дуелот меѓу Рома и Наполи заврши без победник, 1:1.
Според досега прикажаното најсериозните кандидати за титулата во Серија, Наполи и Интер, гостуваа во 23.коло. Интер одигра 1:1 со градскиот ривал Милан. Бод за Интер спаси Де Фрај во 93.минута.
Наполи во целост го контролираше натпреварот на „Олимпико“. Наполитанците максимално ја искристија чудната постава во која насташи Рома. Клаудио Раниери на клупата ги остави Салемакерс, Паредес, Довбик, Дибала.
Поранешниот играч на Рома, Спинацола, во 29.минута, во стил на напаѓач го лобуваше Свилар и му донесе предност на Наполи.
Во останатиот дел од мечот имаше многу борба, главно на средината на теренот, но без многу шанси.
Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Рома во 75. минута, Паредес од слободен удар од речиси 30 метри, ја погоди стативата. Но гостите немаа одговор во 92.минута. Стрелец беше левиот бек на Рома, Анхелињо, кој фати волеј по центаршутот на Салемакерс.
Интересен факт: последен пат Наполи ги добил двата натпревари во Серија А против Рома во сезоната 1920/21 година.
Спорт
ЛА Лејкерс објавија фотографија на Дончиќ во дресот на Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс на својот Инстаграм профил го објавија и потврдија трејдот на Лука Дончиќ од Далас.
Целиот кошаркарски свет го шокира веста дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е трејдуван од Далас во Лејкерс.
Ентони Дејвис тргна во спротивна насока и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Сега Лејкерси објавија слика со Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс.
Лука се уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб, а откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб.
Спорт
(Видео) Тенисер се заби во противникот и поради тоа победи
Неверојатна сцена го обележа мечот од Дејвис купот помеѓу репрезентациите на Чиле и Белгија.
Во решавачкиот меч за пласман понатаму решаваа Зизу Бергс и Кристијан Гарин. Дуелот имаше неверојатен крај.
Во последниот сет Бергс направи брејк за 6:5 и реши да слави. Тој скокна и удри во противникот, кого го собори на теренот.
Чилеанците бараа дисквалификација за Бергс, но судијата не се согласи со нив. На Гарин му отече окото и не сакаше да го продолжи натпреварот, поради што беше казнет.
Судијата му одзеде гем на Чилеанецот, а Белгија се пласира во наредната рунда.
На крајот резултатот беше 6:3, 4:6, 7:5 за Бергс.