Спорт
Еурофарм Пелистер со рутински триумф против Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија четвртата победа во плеј-офот на Суперлигата, совладувајќи го Пролет со 32:26. По заминувањето на Ларс Валтер, тимот од клупата го предводеше Божидар Мојсов, а допрва се очекува ангажман на нов тренер.
Пелистер на стартот поведе со 3:0, а до полувремето создаде предност од пет гола (19:14).
Во вториот дел, Пролет намали на два гола негатива, меѓутоа Еурофарм Пелистер го засили темпото и на крајот заслужено стигна до победа.
Ненад Костески постигна седум погодоци во победничкиот тим, а Ласко Андоновски од Пролет беше најефикасен со осум гола.
Претходно, Вардар беше поуспешен од Еурофарм Пелистер 2 и славеше со 18:25.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арнаутовиќ се расплака на прашањето за Синиша Михајловиќ

Фото/ Принтскрин
Фудбалскиот клуб Црвена звезда на „Маракана“, го претстави најголемото засилување, Марко Арнаутовиќ.
Арнаутовиќ потпиша двегодишен договор со српскиот шампион, а медиумите објавуваат дека ќе заработува два и пол милиони евра по сезона.
Репрезентативецот на Австрија одговори на многу прашања, а не можеше да го задржи солзите кога го прашаа за Синиша Михајловиќ.
„ Ова прво прашање е многу тешко, не требаше да ме прашате тоа, тој ми брат, татко, тој ми беше сè. Му ветив дека еден ден ќе дојдам тука. Секој ден зборувавме за Звезда, повеќе за Звезда отколку за Болоња во тоа време. Разговарав и со неговите деца, неговата сопруга, сите беа среќни, плачеа. Плачев повеќе во овие три дена отколку во целиот мој живот. Кога јас… не можам“, емотивно одговори Арнаутовиќ.
Спорт
Проблем за Њукасл, Исак побарал трансфер

Најдобриот стрелец на Њукасл, Александар Исак, не отпатува со тимот на азиската турнеја. Ова веднаш отвора шпекулации за можен трансфер.
Фабрицио Романо, експертот за трансфери, објави дека Швеѓанецот го информирал клубот дека сака да си оди.
Сериозен интерес за Исак покажа Ливерпул и покрај тоа што за 90 милиони евра го донесе напаѓачот на Ајнтрахт, Уго Екетике.
Ливерпул веќе ги донесе Вирц и Фримпонг покрај Екитике. Исак би го затворил неверојатниот преоден рок на Ливерпул.
Исак, постигна 27 гола на 42 натпревари минатата сезона.
Инаку, на турнејата по Азија, на 27 јули, Њукасл ќе игра против Арсенал во Сингапур, потоа на 30 јули против Ол-стар селекцијата на К-лигата на Јужна Кореја, додека на 3 август противник ќе им биде Тотенхем.
Спорт
Шпанија е светски првак во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во Сингапур. Шпанците во финалето ја победија Унгарија со 15:13 (5:5, 2:1, 2:4, 6:2) и ги обединија европската и светската титула. „Црвената фурија“ четврти пат во историјата стана светски првак, на вечната листа се изедначи со Унгарија и Италија.
Шпанците од стратот ја презедоа контролата водеа со 2:0 и 3:1. Од тој момент Унгарците фатија приклучок и успеаја да изборат егал (5:5) по првиот период. Во вториот голманите беа расположени, беа постигнати вкупно три гола. Шпанците на полувремето имаа гол предност (7:6).
Во третата четвртина Унгарците успеаја да го наметнат својот стил, со серија од три гола го презедоа водството, а потоа стекнаа и предност од два гола. Во решевачкиот период Унгарија влезе со гол предност (10:9).
Четврттата четвртина донесе рапсодија на Шпанците, постигнаа четири гол, ја вратија предноста на своја страна, а кога со голот од 10 метри на Лара дојдоа до 14:11 беше јасно дека ќе ја освојат титулата.
Голманот Агире забележа 11 одбрани, а во нападот блескаа Снахуја и Гранадос со по пет гола.
Бронзата на Светското првенство ја освои Грција, а од четвртотот до осмото место се пласираа: Србија, Хрватска, Црна Гора, Италија и САД.
Foto/ EPA