Спорт
Евертон потврди дека Анчелоти оди во Реал!

Евертон со официјално соопштение потврди дека се разделува со Карло Анчелоти, но и додаде дека тој ќе стане нов тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Зиндин Зидан.
Анчелоти пристигна на „Гудисон парк“ со договор од четири и пол години во декември 2019 година и заминува по само 18 месеци.
„Би сакал да му се заблагодарам на бордот на директори, на фудбалерите и на сите навивачи на Евертон за огромната поддршка што ја добив. Имам апсолутна почит кон сите во Евертон и се надевам дека ќе го исполнат огромниот потенцијал. Иако уживав додека бев во Евертон, добив неочекувана шанса, која мислам дека е вистинска за мене и за моето семејство во овој момент“, изјави Анчелоти.
Анчелоти во периодот 2013-2015 година го предводел Реал на 119 натпревари, тимот победил 89 пати, 14 пати играл нерешено и забележал 16 порази освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите во 2014 година.
Everton can confirm that Carlo Ancelotti has left his position as manager to take up the role of Head Coach at Real Madrid.
— Everton (@Everton) June 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола со неверојатен изговор: Долг е патот од Манчестер до Лондон!

Пеп Гвардиола има уникатно објаснување за поразот на неговите Манчестер сити од Тотенхем од 1:0, тврдејќи дека патот од Манчестер до Лондон бил пренапорен да се помине со воз.
Со ова се комплетираше неверојатната статистика – Гвардиола пет пати со Сити го посетил новиот стадион на Тотенхем и пет пати си заминувал како губитник, а неговиот тим во петте меча не постигнал гол.
„Да се дојде од Манчестер до Лондон, тоа е како да патуваш до северна Европа. Се работи за 4 часа и 20 минути, четири и пол часа да стигнеш до хотелот. Верувајате, тоа е исцрпувачки. Жал ми е, но така е“, изјави бизарно Гвардиола.
Спорт
Бруклин го пратија Кајри Ирвинг во Далас!

Бруклин нетс го „трејдуваа“ Кајри Ирвинг во Далас маверикс, за што ќе го добијат Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит и повеќе избори на драфтот, јавуваат повеќе извори.
Според „Атлетик“ и „ЕСПН“, Нетс ќе добијат избор во првата рунда на драфтот во 2029, и втор избор на драфтовите во 2027 и 2029 година, а покрај Ирвинг во Далас е отпатува и Маркиф Морис. 30-годишниот Ирвинг побара да биде продаден откако Нетси не му го дадоа продолжувањето на договорот, и сега е можно да добие четиригодишен договор вреден до 200 милиони фунти. Тој го пропушти мечот на Нетси против Вашингтон во петокот.
Ова е уште еден пресврт во сагата на Ирвинг, кој потпиша за својот домашен клуб заедно со Кевин Дурент во 2019 година. Тој беше суспендиран на осум меча оваа сезона откако сподели видео со анти-семитистичка политика, по што го загуби и спонзорскиот договор со „Најк“. Ирвинг исто така пропушти голем дел до сезоната 2021/22 откако одби да се вакцинира против КОВИД-19 и не можеше да игра на домашните мечеви поради правилата на градот Њујорк.
Спорт
Хајдук загуби од Риека по утнатиот пенал во 95. минута, Торцида се сврте против играчите!
Риека во драматичното дерби на 20. коло на хрватската лига успеа да стигне до 2:1 победа над Хајдук на „Пољуд“ за да се врати во борба за европски пласман, додека „билите“ не го искористија киксот на Динамо Загреб и останаа на осум поени заостанување зад „модрите“ и тоа со меч повеќе.
Риека дојде во водство во 65. минута со голот на Ампемо, пред во 84. минута, Фриган да зголеми на 0:2. Тогаш почна драмата – Марко Ливаја во 91. минута со гол од пенал намали на 2:1, за во 96. минута повторно да биде досуден пенал за Хајдук, но овојпат тој не успеа да го реализира пеналот за незгоден пораз.
По крајот на мечот, навивачката група на сплитскиот клуб беше очигледно незадоволна, скандирајќи им да ги соблечат дресовите бидејќи не заслужуваат да ги носат.