Спорт
Евертон со „ѓаволски“ скалп во борбата за опстанок

Евертон стигна до важен триумф откако на „Гудисон парк“ го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Тоа е голем поттик за тимот на Френк Лампард во борбата за опстанок во Премиерлигата.
Ентони Гордон во 27.минута беше стрелец на победничкиот гол за Евертон. Тој упати силен удар од дваесетина метри, топката удри во Хари Мегваер и го смени правецот изненадувајќи го Давид де Хеа.
Гостите имаа шанса за израмнување во судиското продолжение, шутираше Кристијано Роналдо, но Пикфорд успеа да одбрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ и Леброн го поништија учинокот на Брансон – Лејкерси го победија Њујорк

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение на домашен терен и го забележаа осмиот последователен триумф во НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Лука Дончиќ со 32 поени, 12 асистенции и седум скока.
Леброн Џејмс додаде 31 поен, 12 скока и осум асистенции, Гејб Винсент постигна 12 поени, додека Далтон Кнехт уфрли 11 поени. Њујорк го предводеше Џејлен Брансон, кој забележа дабл-дабл со 39 поени и 10 асистенции.
Оџи Ануноби постигна 20 поени, Џош Харт додаде 18 поени и 10 скока, додека Карл-Ентони Таунс имаше 12 поени и 14 скока.
Лејкерси се втори во западната конференција со скор 40/21, додека Њујорк е трет на Истокот со 40 победи и 22 порази.
НБА, резултати:
Орландо – Чикаго 123:125
Атланта – Индијана 124:118
Бруклин – Голден Стејт 119:121
Бостон – Филаделфија 123:105
Њу Орлеанс – Хјустон 97:109
ЛА Лејкерс – Њујорк 113:109
Спорт
Кличко (48) се враќа од пензија?
Владимир Кличко (48) е еден од најдобрите боксери во историјата. Украинецот беше неприкосновен светски шампион од 2008 до 2015 година, а титулите ги бранеше 25 пати. Кариерата ја заврши во 2017 година, по поразот од Ентони Џошуа и рекорд од 64 победи и пет порази.
Откако се повлече од спортот, се занимава со политка. Неговиот брат Виталиј е градоначалник на Киев. Сепак, според последните информации на американските медиуми, славниот Украинец би можел да се врати во рингот на 49-годишна возраст.
Имено, неговиот долгогодишен менаџер и промотор Том Лофлер во интервју за „The Ring“ изјави: „Владимир е историска личност. Не сакам да шпекулирам во негово име, но од она што го разбрав, тој сака да се врати во борба за титулата“.
“Ако некој може да се врати на оваа возраст, тоа е тој. Тој е во врвна форма и секогаш кога ќе го видам, тој е ист како кога имаше серија од 25 одбрани титулата. Има многу навистина добри борби за него. Реваншите со Џошуа и Фјури. Борбата за титулата со Дубоа би била одлична борба”, додаде Лефлер.
Доколку се врати и го нападне појасот, ќе има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата. Тој рекорд сега го држи Џорџ Форман, кој беше шампион на 45-годишна возраст.
Веќе се појавија гласини дека Кличко би можел да се врати во рингот, во борба за појасот на ИБФ што го држи Дубоа, во спротивно ќе мора да се бори со својот сонародник Усик, што не го сака.
Спорт
(Видео) Рома победи со гол во 94., Лацио со двајца помалку во 98.минута, Ајнтрахт славеше кај Ајакс, Бодо/Глимт го растури Олимпијакос

Нестварна ноќ на римските клубови, Рома и Лацио во првите осминафинални натпревари во Лига Европа. Рома со голот на Шомуродов во 94.минута го победи Атлетик Билбао со 2.1, а Лацио во Чешка, со двајца помалку на теренот, со голот на Исаксен во 98.минута ја победи Викторија. Велерва Бодо/Глимт го декласира Олимпијакос со 3:0, додека Ајнтрахт победи во Амстердам, против Ајакс (2.1).
Рома со пресврт го победи Атлетик на „Олимпико“. Баските дојдоа до предност преку Инаки Вилијамс во 50 минута, а шест минути подцна изедначи Анхелињо. Во 85.минута Ателетик остана со играч помалку, кога Јерај Алварез го доби вториот жолт картон. Од тој момент Рома го засили притисокот, тргна со сите сили напред, а наградата стигна во последните секунди кога Шомуродов го совлада Агирезабала.
ELDOR SHOMURODOV GOAL!
AS Roma 2-1 Athletic Club pic.twitter.com/wlsNWP1OY6
— TREQUARTISTA (@TatticaPassata) March 6, 2025
Во Плзен, Лацио преку капитенот Ромањоли го отвори резултатот во 18.минута. Во вториот дел Дорусимни изедначи, а Виторија целосно ја презеде контролата врз натпреварот кога Ровека во 70.минута доби црвен картон. Во 93. минута црвен картон доби и Гигот.
И со двајца помалку на теренот, Лацио успеа да изведе полуконтра, која со брилијантен гол ја заврши Исаксен.
GUSTAV ISAKSEN!!
In the 98th minute to win it for Lazio! They prevail with 9 men!!
Forza Lazio!!!! 🦅🦅🦅
— Jerry Mancini (@jmancini8) March 6, 2025