Спорт
Евролигата го одложи натпреварот Париз – Фенербахче
Евролигата го одложи натпреварот помеѓу Париз и Фенербахче кој требаше да се одигра вечерва во француската престолнина.
Повеќето играчи од лидерот во Евролигата се разболеле, па францускиот клуб нема доволно играчи за да состави ростер за натпреварот.
Првиот знак на неволја за Париз се појави на стартот од актуелната двојна недела, кога најдобриот играч на тимот, Ти Џеј Шортс, мораше да го пропушти натпреварот против Реал Мадрид.
„Многу играчи се надвор од теренот, но ние имаме гордост. Микаел (Јантунен) играше лошо. Но, тој сакаше да игра. Многу играчи се чувствуваа така“, изјави тренерот на Париз, Тиаго Сплитер по поразот од Реал.
„Некаков вирус, некакво труење со храна. Не знам точно за што се работи. Дури и јас се мачев малку. Но, горд сум на она што го покажа тимот“, додаде Бразилецот.
„По натпреварот со Асвел, многу играчи почнаа да се чувствуваат чудно. Некои веќе беа болни и веројатно требаше неколку дена за вирусот навистина да не зафати. Секогаш сме заедно, во соблекувалната, на состаноците на тимот. Така се шири вирусот“, објасни Сплитер.
Париз на 13 декември гостуваше кај Асвел, кога го доживеа првиот пораз по десет последователни победи. Веднаш потоа беа поразени од Реал Мадрид, на домашен терен.
Во подобра ситуација не е ниту Фенербахче, кој исто така загуби на последните два натпревари, и двата катастрофално од Монако и Барселона.
Париз го дели првото место во поредокот во Евролигата со Монако со скор 11-5, додека Фенербахче е изедначен од третото до шестото место со скор од 10-6.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното.
„Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари.
Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не е наведено кој би можел да го замени.
Поранешниот менаџер на Нотингем Форест го наследи Греам Потер, но шок терапијата не успеа.
Вест Хем се наоѓа на 18-то место во Премиер игата со скромни 13 поени.
Foto/ depositphotos
Спорт
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра.
Тренерот на Спарс, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен и за нови предизвици.
Поволна околност кога станува збор за потенцијален трансфер во англиски клуб е фактот што договорот на Горецки со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.
Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.
Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.
Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.
„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.

