Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман

Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пелегрини го реши „Дерби дела Капитале“

Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 1:0 во дербито на Рим.
Натпреварот, во матине терминот, не беше сепктакуларен, раа на срце и не се очекуваше дека ќе биде. Една шанса го реши победникот, онаа што Лоренцо Пелегрини ја претвори во гол.
Рома ја имаше иницијативата на теренот, но Лацио имаше поконкретни шанси во првиот половина час од играта. Во 29-та минута, Закањи го тестираше Свилар со одличен удар под пречката, голманот на Рома реагираше брилијантно.
Само 60 секунди подоцна, Ромањоли исто така се обиде со глава, неговиот удар заврши над голот. Кога Лацио не ги искористи своите можности, Рома го стори тоа.
Се играше 38-та минута кога Суле одлично му асиситираше на Пелегрини, кој го совлада Проведел. Номиналниот гостин на овој натпревар можеше да го зголеми водството, но во третата минута од судиското продолжение Проведел направи бравура кога го одбрани ударот на Ренш.
Булаје Диа ќе сонува за шанса од 54-та минута. Напаѓачот на Лацио можеше да израмни за својот тим, но промаши од пет метри. „Сините“ имаа и шанса преку Кастељанос во 76-та минута, резултатот остана ист.
На крајот, тензија и директен црвен картон за Белајан. Од тој момент, Лацио ја загуби секоја шанса да освои барем бод, а Рома ја забележа третата победа со минимален резултат оваа сезона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Космичка правда, Боцвана во последните метри им го зеде злато на Американците

Космичка правда во Токио. Националната репрезентација на Боцвана го освои златениот медал во штафетата 4 x 400 метри, претекнувајќи ги Соединетите Американски Држави во последните метри. Правада, бидејќи Американците воопшто не требаа да трчаат во финалето.
Битката за златниот медал го реши светскиот првак во поединечна трка Кебинатшипи, кој успеа да го победи Раи Бенџамин. Боцвана имаше резултат од 2:57,76.
Да ве потсетиме дека Американките стигнаа до финалето на срамен начин, иако беа 12-ти во квалификациите. Третото место го освои репрезентацијата на Јужна Африка.
BOTSWANA WINS A THRILLER
In a driving rain, the Botswana quartet stuns the Americans to win gold in the 4x400m relay.
And watch them celebrating after the race. What a finish. What a moment. pic.twitter.com/nbfzixZeK1
— Devin Heroux (@Devin_Heroux) September 21, 2025
Кај дамите во истата дисциплина немаше дилеми. Американките, предводени од брилијантната Меклафлин, триумфираа со рекорд на светските првенства од 3:16,61. Јамајка го освои среброто, а Холандија, предводена од Фемке Бол, ја освои бронзата.
Лили Одира направи изненадување и го освои златниот медал на 800 метри. Кенијката имаше неверојатен финиш во последните 50 метри, на кој дури ни британската олимписка шампионка Кели Хоџкинсон не можеше да одолее. Одира славеше со шампионски рекорд од 1:54,62.
Џорџија Хантер Бел ја престигна сонародничката Хоџкинсон во последните сантиметри и го освои среброто со 1:54,90, додека споменатата Хоџкинсон мораше да се задоволи со бронза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукман се покаја, Јуриќ го врати во тимот

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела.
„Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ќе започне или ќе влезе подоцна“, рече тренерот Иван Јуриќ на прес-конференцијата.
Лукман се врати на тренинзите со првиот тим во четврток, еден ден откако Аталанта загуби од Пари Сен Жермен (0:4) во Лигата на шампионите.
Нигерискиот репрезентативец (27) е под договор до 2027 година, а Интер понуди повеќе од 40 милиони евра ова лето, што клубот од Бергамо го одби.
Потоа Лукман одби да се приклучи на подготовките и беше дисциплиниран. Откако пристигна во Аталанта во 2022 година, тој постигна 52 гола на 118 натпревари во сите натпреварувања.