Спорт
Ф1 и тимовите се договорија, нови правила од трката во Баку
Формула 1 се враќа по речиси еден месец пауза следниот викенд во Азербејџан. На патеката во Баку ќе се одржи првата од шесте спринт трки оваа сезона.
Десет дена пред трката за Големата награда на Азербејџан, ФИА и тимовите ги договорија ревидираните правила. Тие треба официјално да бидат одобрени следната недела, а нивната примена ќе започне од Баку.
Петок ќе се одвива по познатата шема на спринтови со квалификации по првиот слободен тренинг, чиј распоред ќе важи за стартот на главната трка во недела.
Новост е дека наместо вториот тренинг, во сабота ќе се одржи пократка квалификациска сесија за да се утврдат позициите за спринт-трката која ќе се одржи подоцна истиот ден.
Многу возачи истакнаа дека им се допаѓа идејата да се поделат двата настани, така што ниту евентуален инцидент во квалификациите за спринт или во самиот спринт нема да влијае на нивните амбиции во главната трка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бензема по секоја цена сака да замине од Саудиска Арабија
Карим Бензема како актуелен освојувач на Златната топка, на почетокот на јуни минатата година реши да го напушти Реал Мадрид и да замине во Саудиска Арабија. Потпишал договор до јуни 2025 година, за како што тогаш објави трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, плата од 200 милиони евра по сезона. Во платата се вклучени и бројни комерцијални придобивки.
Шпанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до фудбалерот, тврдат дека тој по само една сезона сака да се врати во Европа. Наводно му недостига фудбалот на повисоко ниво, а му пречи ниското ниво на професионализам и тоа што постојано е критикуван од навивачите.
Според овие извори, нема да му биде лесно да си замине. Според договороте, тој може да го смени клубот, но не и да ја напушти лигата. Саудискиот инвестициски фонд, кој стои зад напливот на скапи фудбалски ѕвезди, не сака да му го дозволи тоа бидејќи ќе го наруши угледот на лигата.
Бензема одигра 29 натпревари за Ал Итихад, постигна 13 гола и забележа осум асистенции.
Спорт
Тони Крос објави крај на кариерата
Тони Крос еден од симболите на Реал Мадрид по завршувањето на Европското првенство ќе стави крај на кариерата.
Договорот на Крос со Реал истекува на крајот од сезона, доби понуда да остане уште една година во Мадрид, но решил да замине во пензија.
Крос крајот на кариерата го објави на социјалните мрежи.
„Беше 17 јули 2014 година – денот на мојата промоција во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но и како личност. Тоа беше почеток на едно поглавје во најголемиот клуб во светот. По десет години, на крајот на оваа сезона, ова поглавје ќе заврши. Никогаш нема да го заборавам овој успешен период. Исто така, оваа одлука значи дека мојата кариера е при крај бидејќи ќе заврши по завршувањето на Европското првенство. Како што кажав и претходно, Реал Мадрид е мојот последен клуб во кариерата“, напиша Крос.
Тони Крос професионалната кароера ја започна во 2007 година во Баерн. Со исклучок на сеозната 2009/201 кога беше на позајмица во Баер Левекузен, во Минхен остана до летото 2014 година кога се пресели во Реал. Со „кралскиот клуб“ ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
За Реал досега одигра 463 натпревари, постигна 28 голови и забележа 98 асистенции.
Крос со Германија стана светски првак во 2014 година, а четири години претходно го освои третото место.
Спорт
Ракометарот што му ја донесе првата ЛШ на Вардар заминува во пензија
Иван Чупиќ, со чии гол Вардар ја осови првата титула во Лигата на шампиони, на денешната прес-конференција соопшти дека заминува во пензија.
Легендарниот 39-годишен поранешен хрватски репрезентативец во четврток со Загреб ќе го одигра првиот натпревар од финалето на плејофот на хрватското првенство. Загреб воси со 2:0 во серијата до три победи, бидејќи во предвид се земаат и средбите од регуларниот дел од сезоната и Чупиќ верува дека Загреб ќе победи и дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.
Чупиќ најави дека ќе остане во стручниот штаб на тренерот на Загреб, Андрија Николиќ и дека има намера во иднина да стане тренер. Чупиќ
Чупиќ дресот на Вардар го носеше од 2016 до 2021 година, период во кои освои 15 трофеи со црвено-црните, меѓу кои два во Лигата на шампионите.
Во сезоната 2016/2017 со неговиот гол во последната секунда, Вардар на завршниот турни го победи ПСЖ со 24:23 и ја освои првата од двете титули во Лигата на шампионите.
Кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце, и Загреб. Дресот на Хрвтаска го носел на 164 натпревари, со која има сребро и бронза од Светското првенство, две сребра и бронза од ЕП и олимписка бронза од ОИ игри во Лондон во 2012 година.