Спорт
Ф1: Ландо Норис најбрз на завршниот тест
Дебитантот од Мекларен, Ландо Норис, забележал најбрзи времиња на финалните тестирања пред почетокот на новата сезона во Формула 1.
Британецот бил најбрз со време 1:17.709 минути. Втор најдобар резултат остварил Пјер Гасли од Торо Росо (1:17.715). Уште тројца дебитанти на финалните тестирања забележале добри времиња.
Петто време имал Антонио Џовинаци од Алфа Ромео (1:18.589), шести бил Александер Албон од Торо Росо (1:18.649 ), а Џорџ Расел од Вилијамс завршил на деветтото место (1.19.662).
Инаку, трет најдобар резултат забележал возачот на Поинт Рејсинг (поранешена Форс Индија), Ленс Строл (1:17.824). Строл за една стотинка бил побрз од Себастијан Фетел.
Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, не блескаа и на финалните тестови. Времињата им биле над минута и 20 секунди поради што Ботас бил единаесетти, а Хамилтон позиција зад него.
Сепак, коментарите се дека Мерцедес не го покажува вистинското лице на тестирањата, туку вистинската сила јавноста и фановите ќе ја видат на трките.
Новата сезона ќе биде отворена во Австралија, а викендот во Мелбурн ќе почне на 14 март, првата трка во сезоната ќе се вози два дена подоцна.
Во претсезоната најдобри резултати покажа Ферари. Болидот на италијанскиот тим е исклучително брз, а веднаш зад него е Ред Бул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

