Спорт
Ф1: Силверстон распродаден во рекордно време
Билетите за трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстон се продаден во рекордно време, најбргу во историјата на оваа трка.
Рекорден се очекува да биде и бројот на гледачи на трката во јули. Популарноста на Формула 1 расте од ден на ден, а тоа го потврдуваат и податоците од Британија.
Билетите за Големата награда на Британија, што ќе се одржи на 3 јули на патеката во Силверстоун, се распродадени во рекордно време. Сите 142.000 билети за трката пуштени во продажба се купени, соопштија организаторите на трката, а ова ќе биде и нов рекорд на посетеност на трката во Силверстоун.
Според организаторите, се очекува да бидат распродадени и другите два дена, петок и сабота, за кога се планирани тренинзите и квалификациите. Доколку тоа се случи, се очекува рекорден Ф1-викенд во Велика Британија.
„Забележавме неочекувано голема побарувачка за билети за годинешната трка, никогаш не сме ги продале сите билети толку рано“, изјави Стјуарт Прингл, директор на трката, за „Гардијан“.
„Го зголемивме капацитетот со додавање повеќе места и очекуваме на денот на трката да бидат присутни околу 142 илјади гледачи. Доколку продолжи овој тренд, очекуваме сите три дена да бидат распродадени“, додаде Прингл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

