Спорт
Ф1 во Белгија до 2031 година, без трки во 2028 и 2030 година
Претставниците на Формула 1 и Големата награда на Белгија го продолжија договорот за уште четири сезони. Трки на легендарната патека Спа Франкошамп ќе се возат во 2026, 2027, 2029 и 2031 година.
Спа Франкошамп е во календарот уште од првата сезона во Формула 1, во 1950 година, и таму се одржани вкупно 57 трки за ГН на Белгија.
Многу светски шампиони во Формула 1, како Аиртон Сена, Михаел Шумахер, Ники Лауда, Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, извојуваа победи на оваа патека.
Во последните години се инвестираше во Спа Франкоршамп, со што капацитетот се зголеми за 10.000 седишта.
Овогодинешниот тркачки викенд во Белгија ќе се одржи од 25 до 27 јули, а вклучува и спринтерска трка.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16. март со Големата награда на Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

