Спорт
Фабио Виеира: Со Меси имаме сличен стил на игра
Фудбалерот на Арсенал, Фабио Виеира, смета дека неговиот стил на игра е сличен на стилот на славниот Аргентинец, Лионел Меси.
Младиот 22. годишен Португалец летово од Порто пристигна во Арсенал во трансфер вреден 35 милиони евра (плус пет милиони бонуси).
Сезонава полека се навикнува на новиот клуб и лига. За клупскиот сајт тој даде големо интервју во кое зборуваше за бројни термини: како се снашол во Лондон, за новите соиграчи, но и за фудбалерите кои имале најголемо влијание на неговата досегашна кариера.
„Тоа се два аса, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Роналдо не затоа што е Португалец, туку како некој кој навистина ги инспирира другите со својот став. Фактот што како момче мораше да го напушти семејството, неговата комфорна зона за да потпише договор со Спортинг и да изгради таква кариера е инспирација за сите. Ми се допаѓа Меси бидејќи неговиот стил на игра ме потсетува на мојот. Сличен сум на Меси и го ценам начинот на кој тој игра“, изјави Фабио Виеира.
Фабио Виеира се уште се нема изборено за место во стартниот состав во тимот на Арсенал. Тој одигра седум натпревари во Премиер лигата, но само еднаш го започна натпреварот од првата минута. Постигна еден гол во победата над Брентфорд (3:0). Во Лига Европа ги започна сите пет натпревари и постигна гол на дуелот со Боде/Глимт (3:0).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен најбрз во Имола
Макс Ферстапен во Имола ја забележа 59.победа во кариерата. Актуелниот светски првак триумфираше на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Покрај Ферстапен место на победничкиот подиум изборија Ландо Норис (Мекларен) и Шарл Леклер (Ферари).
Траката во Имола речиси и да не донесе никакви возбудувања. На почетокот во првите 10 кругови Пасјтри се обидуваше но не успеа да го мине Карлос Санц на четвротто место. Она што не на младиот Австралиец му успеа на патеката му успеа низ боксот.
Мала незивеснот имаше во последните седум круга, кога Ферстапен се пожали на проблеми со пенвматиците. Норис тоа го искористи, разликата од седум секунди ја намали на седум десетинки, но не дојде во позиција за напад.
Покрај најдобрите тројца бодови во Имола освоија Пјастри, Саинц, Хамилтон, Расел, Перез, Строл, и Цунода.
Шампионатот во Формула 1 продолжува наредниот викенд со трката за Голмата награда на Монако.
Спорт
(Видео) Каљари избори опстанок во Серија А
Фудбалерите на Сасуоло загубија на домашен терен од Каљари со 2:0. Екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи Клаудио Раниери де на коло пред крајот дефинитивно обезбеди опстанок во Серија А.
За разлика од Каљари, Сасуоло во последното коло гостува кај Лацио, а ниту победа не му гарантира опстанок.
До победата Каљари го предводеа Матео Прати, кој ја погоди мрежата на домаќините во 72. минута и Џанлука Лападула, кој погоди од пенал во судиското надополнување.
Ова беше прва победа на Каљари по пет кола.
Тимот од Сардинија сега има четири бода повеќе од Фросиноне и Емполи, а седум бода повеќе од Сасуоло пред последниот натпревар сезонава.
Тимот предводен од Клаудио Раниери од клупата ќе ја пречека Фиорентина во последниот натпревар од сезоната.
Спорт
(Видео) Навивач на ПАОК го плукна Матијас Лесор
Големото дерби меѓу ПАОК и Панатинаикос во преполната сала „Палатаки“ во Солун заврши со инцидент.
Матијас Лесор бесен го напуштил паркетот, пишува порталот „СДНА“, откако го плукнал еден од навивачите на црно-белите.
Наводно, центарот на Панатинаикос со намера да се поздрави им пришол на група навивачи на Партизан, кои ги препознал меѓу поддржувачите на ПАОК, но еден од навивачите на домашната екипа го плукнал во лице.
Лесор, пишува „СДНА“, полудел и се обидел да се пресмета со навивачот, но бил задржан од соиграчите и членовите на стручниот штаб на Панатинаикос.
Овој портал наведува дека тогаш дошло до тепачка меѓу малата група навивачи од Белград и навивачите на ПАОК, но ситуацијата брзо се смирила.
Инаку навивачките групи на ПАОК и Паризан се збратимени.
Инцидентот се случи по завршувањето на вториот натпревар од четвртфиналната серија на грчкиот плеј-оф, во кој Панатинаикос го совлада ПАОК како гостин по продолжение (96:99, 89:89) и се пласираше во полуфиналето со резултат 2:0.
Oh my, oh my, fan spit Matias Lessort, and he got pretty mad. #kkp #paobc pic.twitter.com/SKy6RRpyHs
— Milos NS (@MilosNSNS) May 19, 2024