Спорт
Фановите на Њукасл не го гледаа својот клуб и собраа пари за добротворни цели
Фановите на Њукасл јунајтед донираа 20.000 фунти за добротворни цели во текот на викендот во знак на протест на превисоката цена на следење на натпреварите преку ТВ-преносите во Велика Британија.
Поразот на Њукасл од Манчестер јунајтед од 1:4 во саботата беше еден од неколкуте мечеви во Премиер лигата, кои беа достапни во живо само со доплата од 14,95 фунти и фановите на Њукасл во знак протест ја поведоа кампањата „Добротворни цели не ППВ“ и донираа пари во локалната организација која им дава храна на сиромашните.
„Ја цениме великодушноста на фановите на Њукасл и парите добро ќе дојдат. Ние храниме 1.000 луѓе неделно и користиме над 10 тони храна секој месец за цена од 1.700 фунти за тон, така што оваа донација ќе биде добредојдена“, вели директорот на органзиацијата, Џон Мекори.
Слични кампањи против планот на Премиер лигата направија и фановите на Лидс јунајтед и Манчестер сити.
? ? ? Newcastle fans boycott pay-per-view and donate fees to local food bank | Newcastle United | The Guardian https://t.co/bVfFFDNSNB
— Andy Curtis (@AndrewCurtis4) October 19, 2020
Навивачите лути на Премиер лигата – гледање еден меч на ТВ ќе чини 14,95 фунти!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

