Спорт
Фановите во Њујорк едноставно не го трпат Новак Ѓоковиќ (видео)
Повлекувањето на актуелниот шампион на САД опен, Новак Ѓоковиќ од мечот од четвртото коло против Стен Вавринка поради повреда на рамото предизвика многу дискусии, откако дел од фановите го исвиркаа Србинот.
Но, покрај непочитувањето на навивачите, останува да фактот дека Ѓоковиќ се откажа додека губеше со 2:0 во сетови, за разлика од Роџер Федерер, кој никогаш нема откажано меч во кариерата.
16-кратниот гренд слем шампион Ѓоковиќ се мачеше со повредата во текот на целиот турнир, нп 32-годишниот Србин немаше никакви шанси против одличниот Вавринка, кој ги освои првите два сета со 6:4 и 7:5, а водеше и 2:1 во третиот сет пред повлекувањето на Ѓоковиќ.
Novak Djokovic has retired. Crowd boos. #USOpen pic.twitter.com/gaULqDl6CV
— Omar Moore (@thepopcornreel) September 2, 2019
Ѓоковиќ се обиде да ги игнорира свирежите, но им крена саркастично прст на патот до соблекуваната. Коментарите на социјалните мрежи воглавном се во поддршка на Србинот, велејќи дека ако продолжил да игра повредата можела да се влоши. Меѓутоа, дел од коментаторите исто така сметаа дека „Ѓоковиќ се повлекува само кога губи“ – ова е шести меч на гренд слем турнирите од кои тој се повлекол.
Ова не е првпат Ѓоковиќ да влезе во „конфликт“ со публиката во Њујорк. Пред повеќе од една деценија, кога во 2008 година го победи Американецот Енди Родик во четврт-финалето во Њујорк, по што даде едно контроверзно интервју во кое изјави дека и тој „сакал да победи Родик“. Иронично, токму пред тој меч, Родик го обвини српскиот тенисер дека „глуми повреди“ кога губи.
Старите „рани“ повторно се отворија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

