Спорт
Федерацијата бара Милан да ги казни Бакајоко и Кеси за гестот со дресот
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, побара казна за Тиемуе Бакајоко и Френк Кеси за покажувањето непочитување кон ривалите бидејќи го држеа дресот на Франческо Ачерби како скалп.
Милан во саботата со 1:0 го совлада Лацио, но мечот беше во сенка на инцидентот кога Бакајоко и Кеси го покажуваа дресот кон своите навивачи. Пред мечот Ачерби неколкупати даде провокативни изјави за Милан во една велејќи дека секој фудбалер на Лацио е подобар од секој фудбалер на Милан, но изјави дека сакал да ги намали тензиите кога по мечот се сменил со дресовите со Бакајоко.
По инцидентот, реагира и тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, кој се извини на Ачерби, но претседателот на Федерацијата бара казна.
„Тоа што се случи на ’Сан Сиро’ беше непочитување на ривалот и како што рече министерот за спорт, Џорџети, нешто што го намалува достоинството. Тоа мора да биде казнето и осудено за прекршување на спортските норми. Имаше некои расправии на социјалните мрежи, а самиот Џенаро Гатузо изјави дека фудбалерите премногу се фокусираат на тоа наместо на тренинзите. Ачерби со давањето на дресот сакаше да стави крај на тоа, а тие го покажуваа дресот како скалп“, вели Гравина.
Грдата страна на дербито – неспортски гест на фудбалерите на Милан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

