Спорт
Федерер е повторно во Топ 5
Роџер Федерер, по триумфот во Дубаи се врати во Топ 5 на АТП-листата. Швајцарецот во саботата ја освои 100. титула во кариерата. На најновата листа првпат во кариерата меѓу најдобрите десет влезе Гркот Стефанос Циципас.
Федерер, по победат тукму над Циципас во Дубаи, напредуваше за три позиции и од денес се наоѓа на четвртото место.
Првите тројца, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Александар Зверев, ги задржаа своите позиции, а поради напредокот на Федерер, за по едно место назадуваа Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон и Кеи Нишикори, додека Доминик Тим и Џон Изнер ги задржаа своите позиции.
Најголем напредок на листата забележа Ник Кирјос. Контроверзниот Австралиец по победата на турнирот во Акапулко, на АТП-листата се искачи за 39 позиции и сега се наоѓа на 33. место.
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 10.955
2. Рафаел Надал (Шпанија ) 8. 365
3. Александар Зверев (Германија) 6.595
4. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.600
5. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.585
6. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.295
7. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.190
8. Доминик Тим (Австрија) 3.800
9. Џон Изнер (САД) 3.405
10. Стефанос Циципас (Грција) 3.175
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

