Спорт
Федерер го потврди кам-бекот на земјена подлога

Роџер Федерер го потврди учеството на Мадрид опен, со што се одбележува неговото враќање на европските земјени терени по две години пауза. 20-кратниот гренд слем шампион нема играно од Австралија опен, каде што загуби во 4. коло од Гркот Стефанос Циципас.
Швајцарецот, кој ја освои титулата од Ролан Гарос во 2009, последните две години целосно ја прескокнуваше сезоната на земја за да ги сочува силите за Вимблдон и американската турнеја, но оваа година најави враќање на овие терени.
37-годишниот Швајцарец е вториот најуспешен тенисер на „Каха магика“ во Мадрид зад Рафа Надал, освојувајќи ги титулите во 2006, 2009 и 2012 година.
„Федерер е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и тоа не е нешто ново. Среќни сме што се враќа во Мадрид бидејќи тоа значи многу за турнирот, но и за фановите кои ќе можат да го гледаат уникатниот тенисер во ’Каха магика’“, изјави новиот директор на турнирот, поранешниот тенисер Фелисијано Лопез.
¡@rogerfederer will participate in the #MMOPEN! ???❤️ ¡Welcome back, Rog! ???? See you in May! ???https://t.co/iYRJRG4kOh pic.twitter.com/gfdZpKbZhB
— Mutua Madrid Open (@MutuaMadridOpen) February 20, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гарначо му дал збор на Чоло Симеоне дека ќе се врати во Атлетико
Алехандро Гарначо е една од „жртвите“ на новиот менаџер на Манчестер јунајтед, убен Аморим. Аргентинецот, кој беше стандарден во првиот тим кај Луј ван Гал, кај Аморим се почесто се наоѓа на клупата за резерви.
Гарначо не е задоволен од статусот што го има, се шпекулираше дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти клубот. Во јануари Наполи сериозно беше заинтересиран за него, но тој сепак остана на „Олд Трафорд“. Според англиските медиуми, интерес за него покажал и Челси.
Шпански „Фихајес“, сега тврди дека младиот Аргентинец во летниот преоден рок ќе се врати во Шпанија.
Гарначо ја мина младинската школа на Атлетико Мадрид, а на 17-годишна возраст за 500.000 евра замина во Јунајтед.
Атлетико сега сака да го врати, според овој извор за околу 50.000.000 евра. „Фихајес“ пишуав дека Гарначо веќе постигна договор со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Рафиња
Бразилецот Рафиња е еден од најдобрите играчи на Барселона оваа сезона, а доказ за тоа е тоа што постигна 24 гола, од кои ниту еден од пенал, што го прави најдобар играч во Ла Лига.
Сето ова влијаеше на челниците на каталонскиот гигант да му понудат нов договор на јужноамериканецот и покрај тоа што неговата преселба во Саудиска Арабија изгледаше многу извесно.
Светските медиуми пишуваа дека Барселона има понуда за Рафиња од 100 милиони евра, додека самиот играч би добил плата од околу 15 милиони евра доколку се пресели во Ал Хилал.
Сепак, клубот оцени дека Бразилецот им е повреден од парите и реши да му понуди нов договор до 2030 година и да го направи еден од најплатените играчи во тимот.
Одличниот 27-годишен првотимец на Барса оваа сезона одигра 40 натпревари за Барселона и покрај споменатите 24 гола, забележа и 18 асистенции.
Спорт
(Видео) Повредата на Леброн е сериозна, ќе отсуствува со недели?

Серијата од осум победи во низа, во која беа кошаркарите на ЛА Лејкерс, заврши во Бостон. Селтикс славеа со 111:101, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои постигнаа 40 односно 31 поен.
Повеќе од поразот Лејкерси ги загрижи повредата на Леброн Џејмс, кој пред време го заврши натпреварот.
Џејмс заработи повреда на препоните на левата нога. Првично се очекуваше Леброн да биде надвор од терените неколку дена, но новинарот на ЕСПН Дејвид Мекманаман тврди дека ситуацијата е посериозна. Овој извор тврди дека Леброн ќе биде биде надвор од терените со недели, а не со денови.
Џејмс натпреварот го заврши со 22 поени, 14 скока и девет асистенции.
Лејкерси имаат скор 40-22 и се на третото место на Западот.
This is the play where LeBron strained his left groin. MRI will determine severity and timeline to return
Grade I: 1-2 weeks
Grade II: 4-6 weeks pic.twitter.com/TGpbke4bxI— Dr. Evan Jeffries, DPT (@GameInjuryDoc) March 9, 2025