Спорт
Федерер го збриша Еванс – му дозволи само пет гема!
Роџер Федерер како да сакаше да прати порака до своите најлути ривали дека е во добра форма и дека повторно ќе се обиде да стигне до гренд слем трофејот број 21 кога со 6:2/6:2/6:1 го декласира Британецот Ден Еванс за еден час и 23 минути во третото коло на САД опен.
Швајцарецот ја имаше честа да ја отвори програмата на петтиот ден на Флешинг Медоуз и немаше апсолутно никакви проблеми против Еванс освојувајќи поени по желба.
Иако е очигледно дека на големите мечеви против Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал понекогаш тешко пронаоѓа начин да стигне до победа, останува зачудувачки како на 38 години лесно ги декласира тенисерите што се во топ-50.
Следен за Швајцарецот е подобриот од дуелот на 15. носител, Белгиецот Давид Гофан, и Шпанецот Пабло Карењо-Буста.
?? @rogerfederer improves to 3-0 against Daniel Evans to reach the @usopen Round of 16. ? #USOpen
— ATP Tour (@ATP_Tour) August 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0.
Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон.
Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот.
Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. Маркако ќе отсуствува во наредните шест натпртевари.
Во образложението стои дека по еден натпревар суспензија добил поради исклучувањето и неспортското однесување, а четири натпревари суспензија добил поради навреда упатена кон судијата.
Тој ќе ги пропушти средбите со Леванте, Селта, Елче, Атлетик Билбао, Мајорка и Џирона, и нема да му биде достапен на тренерот Матијас Алмеида до 15 февруари, кога Севилај ќе игра против Алавес.
Спорт
(Видео) Макаби среде Белград го прегази Партизан, Тајрик Џонс жестоко се расправаше со навивачите
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112.
Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени.
На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим.
Навивачите, пред во текот и по натпреварот беа гласни во свирежите кон некои играчи и клупското раководство.
Во главна улога беше Тајрик Џонс, кој по завршувањето на натпреварот влезе во вербална и речиси физичка пресметка со навивачите.
Tajrik Džons se nakon meča Partizana i Makabija našao u raspravi s publikom.#kkp #kkpartizan pic.twitter.com/A9YthpP7e5
— Meridian Sport Srbija (@meridiansportrs) December 26, 2025
На Џонс не му се допаднаа свирежите, затоа беше во центарот на вниманието, покажувајќи му на некого од трибините да слезе и да се соочи со него.
Спорт
Дуплантис прогласен за најдобар спортист во Европа
Шведскиот атлетичар, скокачот со стап Арманд Дуплантис e избран за најдобар спортист во Европа во 2025 година во традиционалниот избор на европски новински агенции организиран од полската агенција ПАП.
Девет европски агенции му дадоа на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го ставија на второто место.
На Светското првенство во Токио оваа година, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со скок од шест метри и 30 сантиметри.
Полската новинска агенција, ПАП, оваа награда ја доделува од 1958 година.
Тенисерите Новак Ѓоковиќ (2011, 2015, 2018, 2021 и 2023 година) и Роџер Федерер (2004, 2005, 2006, 2007 и 2009 година), по пет пати ја освоиле оваа престижна награда.
Меѓу поранешните добитници на престижната награда се сите великани на европскиот спорт, фудбалерот Кристијано Роналдо, тенисерот Рафаел Надал, атлетичарите Себастијан Коу и Сергеј Бубка, возачите на Формула 1 Мика Хакинен, Најџел Мансел, Себастијан Фетел, Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, тенисерките Мартина Хингис, Ига Швионтек и Штефи Граф, велосипедистот Еди Меркс, гимнастичарката Надја Команечи и други.
Foto/ depositphotos

