Спорт
Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна
Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
???#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска ја победи Германија и стана првиот полуфиналист на Европско првенство
Данска ја победи Германија 31:36 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Германанија и Франција во директен дуел ќе решат за вториот патник во полуфиналето од Групата 1, откако Французите неочекувано загубија од Шпанија.
Данска во дуелот со Германија уште еднаш покажа зошто е најголемиот фаворит за титулата на Европското првенство.
Германците некако се држеа во првото полувреме, во кое не и дозволија на Данска да се одлепи на повеќе од три гола разлика, а по 30 минути имаа само гол негатива.
Данската машина, на погон на голманот Нилсен проработе во вториот дел. Стекнаа Данците предност од седум гола, а кога во ритам влезе и Питлик (постигна шест гола во низа), беше јасно кој ќе го добие мечот.
Гидсел и Питлик ја предводеа Данска со по шест гола, Нилсен имаше 14 одбрани. На проситвната страна Ушчинс беше најефикасен со шест гола.
Шпанија, претодно, приперди изненадување со победата над Франција 36:32. Французите во ниту еден момент не беа конкурентни, предност на Шпанците во еден момент од вториот дел изнесуваше седум гола. Благодарение на голманот Дебоне, Французите два пати дојдоа до гол негатива, но не успеаја да направат целосен пресврт.
Foto/ EPA
Спорт
Португалија и Норвешка ремизираа на ЕП
Португалија и Норвешка 0диграа без победник 35:35, во натпревар од четвртото коло, во Групата 1 на Европското првенство.
Динамичен и квалитетен натпревар одиграа двете репрезентации во Хернинг. Норвешка го контролираше натпреварот до 42.минута, кога Португалците ја презедоа иницијативата.
Во последните девет минути Португалците влегоа со предност од три гола, но не успеаја да победата. Се самоуништија во последните пет минути кога не реализираа два удари од седум метри.
На крајот можат да бидат задоволни со освоениот бод, бидејќи Лисе не успеа да реализира за Норвешка во последниот напад.
Уште еднаш, Педерсен беше најдобар за Норвежаните, кои сега постигнаа десет гола, додека Андерсон имаше еден гол помалку.
За Португалија, Лукас Фраде блескаше со 11 гола, Соуза имаше шест, додека браќата Коста постигнаа по четири гола. Гоеми залуги за освоениот бод има и голманот Валеро, имаше 12 одбрани, 10 од нов во второто полувреме.
И Норвешка и Португалија сега се на три бода, со минимални шанси некако да освојат едно од првите две места.
Во последното коло, Португалија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка останува да се соочи со Данска.
Спорт
Бразилците сакаат да го задржат Анчелоти
Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), Самир Шауд, изјави дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти би можел да остане селектор на националниот тим.
Анчелоти ја презеде репрезентацијата на Бразил во мај минатата година. Италијанскиот стручњак има договор со CBF до крајот на Светското првенство.
„Разговорите веќе се во тек, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжувањето на договорот пред почетокот на Светското првенство е многу важно за бразилскиот фудбал. Секогаш велев дека верувам во среднорочни и долгорочни проекти. Анчелоти го потврди својот квалитет и компетентност за кратко време. Тој е совршен за бразилската репрезентација. Сакаме да му дадеме повеќе време да работи во бразилскиот фудбал“, рече Шауд за италијанската веб-страница „Туто Меркато“.
Анчелоти ја водеше бразилската репрезентација осум натпревари.
Foto/ depositphotos

