Спорт
Федерер: Не жалам што играм во ерата на Рафа Надал (видео)
Многу фанови на Роџер Федерер си ја поставуваат хипотезата дека без Рафаел Надал, Швајцарецот ќе освоеше 30-40 гренд-слем титули, но тој вели дека е пресреќен што игра во ерата на Шпанецот.
„Мислам дека сите имаа добри ривали и пред мене. Лендл, Бекер, Сампрас, Едберг, Лејвер… Сите имаа големи ривали и да не бев јас, ќе беше некој друг кој ќе го предизвикуваше Надал. Затоа сум среќен што играме во иста ера и мислам дека двајцата можеме да бидеме горди што имаме големи кариери, еден покрај друг. Тоа е уникатно“, вели Федерер.
Тој исто така се потсети на легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога загуби во пет сета.
„Си мислев само да не загубам. Оди во пет сета и остани жив и обиди се да победиш. Задоволен сум што стигнав до тој петти сет и сега сите зборуваат за тој меч. Да загубев во четвртиот сет немаше да биде толку познат. Тоа беше епски победнички момент за него, а за мене останува гордоста што играв така и што низата на Вимблдон заврши така“, вели Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Исак успешно опериран, ќе отсуствува неколку месеци
Фудбалскиот клуб Ливерпул објави дека нивниот играч Александар Исак бил успешно опериран и дека му престои неколку месечна пауза.
Исак претрпел фрактура и бил опериран во понеделникот поради повреда на глуждот, вклучувајќи и скршеница на зглобот.
Швеѓанецот го постигна првиот гол на натпреварот против Тотенхем и веднаш се повреди.
Според некои прогнози, Исак се соочува со најмалку тримесечна пауза, што значи дека ќе го пропушти поголемиот дел од пролетната сезона.
Да потсетиме. Исак пристигна во Ливерпул од Њукасл ова лето за дури 125 милиони фунти, што е рекорден трансфер во англискиот фудбал.
Foto/ depositphotos
Спорт
„Само Реал создава тензии во шпанскиот фудбал, го изгубија контактот со реалноста“
Помина една недела откако Флорентино Перез, на традиционалниот божикен ручек, посвети речиси половина од својот говор на темата на судењето, првенствено на случајот „Негреира“ и конкретните одлуки кои, според него, му наштетиле на Реал Мадрид во тековната сезона.
Два дена потоа, првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, одговори и го нападна Реал со коментар за „акутен барселонитис“ со кој Реал ги оправдува своите лоши резултати.
По отровните стрели од двете страни, во интервју за каталонски „Спорт“, се огласи првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, личност која од различни причини, не ја „мирисаат“ ниту во Мадрид, ниту во Барселона.
Тебас смета дека Реал Мадрид е тој што непотребно ја збунува ситуацијата и ги зголемува тензиите.
„Тензиите во овој случај не се генерирани од Барселона. Ниту пак од другите клубови. Реал Мадрид е тој што е против сè… Против Барселона, против судиите, против сите. Мислам дека она што го прават е погрешно, дека не го избрале вистинскиот пат. Нивниот наратив не му помага на никого. А наративот е дека она што се случува денес, со одредени грешки од страна на судиите, е последица и вина на она што се случи во 2019 или 2017 година. Тие се обидуваат да создадат наратив дека судиите моментално се под некакво влијание. Тоа е многу опасно затоа што не е вистина“, рече Тебас и продолжи:
„Тие го создадоа тој наратив, а тоа создава тензии. Сите веќе го знаат моето размислување за случајот Негреира. Не велам дека потезите на Барселона во тоа време, односно луѓето на директорските позиции, во тој случај се исправни. Ние бевме првите што отидовме во канцеларијата на јавниот обвинител, првите што рековме дека мора да се спроведе истрага и дека дури, доколку е потребно, треба да се воведат санкции на спортската арена. Но денес да кажете дека недосуден пенал за Реал е последица на тоа, тоа е огромна разлика. Ова генерира тензии цел викенд преку клупската телевизија на Реал Мадрид, преку претседателот на Реал Мадрид пред некој ден… Мислам дека целосно го изгубија контактот со реалноста“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Историско оставрување на Шеј Гилџес Александер
Актуелниот МВП во НБА лигата, Шеј Гилџес-Александер ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Оклахома го победи Мемфис со 119:103, Шеј натпреварот го заврши со 31 поен.
Гилџес-Александер стана само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 20 или повеќе поени во 100 последователни натпревари.
Тој го заврши натпреварот со 31 поен и покажа зошто се смета за најдобар стрелец во лигата во изминатите неколку години. Единствениот човек кој успеал во овој потфат досега беше легендарниот центар Вилт Чемберлен.
Гилџес-Александер има просек од 32 поени по натпревар оваа сезона, додека бранителот на титулата Оклахома е најдобриот тим во лигата со резултат од 26-3.
Во другите натпревари, Детроит го победи Портланд со 110:102 на гости, додека Голден Стејт го победи Орландо со 120:97 како домаќин. Кливленд ја заврши серијата лоши резултати со победа против Шарлот со 139:132, а Бостон беше подобар од Индијана со 103:95. Њу Орлеанс Пеликанс го победија Далас со 119:113.

