Спорт
Федерер: Никој не е совршен
Роџер Федерер во добро расположение го очекува почетокот на првиот Мастерс во сезоната, турнирот во Индијан Велс. Швајцарецот во Калифорнија пристигна од Дубаи каде што ја освои 100. титула во кариерата.
Федерер заедно со Новак Ѓоковиќ се рекордери според освоените титули во Индијан Велс. Овој турнир, кого многумина го нарекуваат „петтиот гренд-слем“, Швајцарецот и Србинот го освојувале по пет пати.
„Луѓето секогаш нè перципираат како херои. Совршенство не постои. Секој, па и јас, има мани“, рекол Федерер.
Швајцарецот во Индијан Велс е четврти носител, а се наоѓа во истата половина на костурот со Рафа Надал. Нивна пресметка е можна во полуфиналето.
„Најважно за секој спортист е да знае каде му се границите, да го разбира своето тело. Потребно е да знаеш кога треба да намалиш и да се одмориш. Важно е да имате паметни луѓе во тимот, тие ќе ви кажат што да правите. Генетиката исто така е многу важна“.
Федерер минатата недела стана вториот играч во историјата со најмалку 100 освоени трофеи. До големиот успех дојде на турнирот во Дубаи.
„Никогаш не верував дека можам да го остварам тоа. Почнав да размислувам за таа 100. титула пред неколку месеци. Ќе ми беше жал доколку се пензионирав, а не ја освоев 100. титула“, рекол Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

